Во сабота, 18.03.2017, во 11.00 часот во Градски парк, пред Школка почнува третата хуманитарна трка за деца со Даунов синдром во организација на Клубот за мечување Ескрим.
Трката е отворена за сите граѓани, а ќе учествуваат и деца со Даунов синдром и нивните семејства. Целта на овој настан е да се подигне свеста за овие деца и да се поттикнат и останатите спортски клубови да ги отворат вратите за нив, да ги вклучат во спортот и да им се обезбедат еднаков пристап.
За овие деца спортувањето е од огромно значење бидејќи со спортувањето ја развиваат моторика, координацијата, одржувањето на баланс и тонусот на мускулите. Сите овие работи се многу важни за нивниот натамошен самостоен живот. Со спортувањето тие добиваат можност за социјализација и стекнување на нови пријателства.
Заинтересираните можат да се пријават на http://www.smartrace.club/ или 30 минути пред почетокот на самата трка. Средствата собрани од овој настан ќе бидат наменети за едногодишно бесплатно спортување на децата.