Децата од оваа работа заработуваат и до 500 евра на ден

Децата во норвешкото гратче Балстад заработуваат дури и по неколку илјади норвешки круни на ден од сечењето на јазиците на норвешкиот бакалар

0
390

Во гратчето Балстад децата од памтивек имаат необична хонорарна работа – ги сечат јазиците на норвешкиот бакалар. Овој дел од рибата се смета за локален специјалитет, а највештите меѓу нив можат да заработат и неколку илјади норвешки круни на ден.

Шеснаесетгодишниот Тригве Петерсен е легенда во Балстад затоа што има најбрза и најпрецизна рака кога станува збор за сечење на јазици на норвешки бакалар. Неговиот татко, инаку, рибар, го научил на оваа работа кога има само 7 години.

Кога првпат пробав да го правам ова, исеков околу 2 килограми јазици и мислев дека е тоа многу. Денеска можам да одработам и 80 килограми во еден ден, а најмногу досега за еден ден, сум заработил 4500 норвешки круни (речиси 50 евра), открил Петерсен за порталот Munchies.

Веќе со генерации рибарите во ова крајбрежно гратче им ги подаруваат на децата главите од бакалар, кои ги сечат јазиците заедно со брадите и вилицата и им ги испорачуваат на купувачите. За килограм јазици можат да добијат околу 6 ипол евра. Зависно од побарувачката тие на овој начин заработуваат доволно пари за да си купат самите патики, мобилни телефони или компјутери.

Петерсен заштедил доволно пари за да си испланира патување во САД, поточно авантура од Њујорк до Хаваи која самиот ќе си ја плати.

Сезоната на норвешкиот бакалар е во сезона од јануари до април секоја година, па децата после училиште во овие месеци се симнуваат на брегот и се фрлаат на работа.

Во сиров облик тие потсетуваат на пилешко месо, а најчесто се приготвуваат како вообичаени изнутрици. Се мешаат во брашно, сол и пипер па се пропржуваат на путер со малку кромид или се панираат и се пржат во длабоко масло.

Пржените јазици ги карактеризира слаткаст вкус кои Норвежаните едноставно го обожаваат.

[better-ads type='banner' banner='999' ]