Низ Америка никнуваат кафулиња за доилки

Помеѓу мајките кои редовно навраќаат во овие кафулиња има голем број мајки кои признаваат дека без ваква поддршка досега веројатно ќе се откажеле од доењето.

0
281

Ширум САД, мајките кои дојат имаат свое катче во кое можат да наминат кога и да посакаат. Беби-кафулињата (Baby Café), кои моментално ги има 79 во 70 американски градови и се целосно бесплатни а постојат само за да им овозможат на мајките да уживаат во доењето. Сите доилки ги чекаат освежителни пијалоци и ужина, како и вага за мерење на бебето и памфлети за доење кои можат да ги земат со себе. Исто така, освен дружење со другите мајките од крајот, можат да се посоветуваат и со стручњаци.

Целта на Беби-кафулињата е да ги поддржат мајките што дојат, вели Меган Ворт, консултант за доење и медицинска сестра.

Помеѓу мајките кои редовно навраќаат во овие кафулиња има голем број мајки кои признаваат дека без ваква поддршка досега веројатно ќе се откажеле од доењето.

На овој начин редовно имаат можност да разговараат со другите доилки и да разменат искуства проблеми што им помага да ги пребродат кризите и искушенијата.

[better-ads type='banner' banner='999' ]