Доколку го доите вашето новороденче и сакате да бидете сигурни дека тоа ја добива храната која му е потребна, обрнете внимание на симптомите кои можат да значат дека не добива доволно млеко.
Вашето бебе континуирано губи од тежината. Ако вашето бебе не ја врати тежината која ја изгубило по раѓањето после пет дена, разговарајте со педијатарот.
Вашето бебе мокри помалку од осум платнени пелени или шест пелени за еднократна употреба во период од 24 часа по пет дена од денот на нејзиното раѓање.
По неговите први пет дена, вашето бебе има мали, темни столици.
Урината на вашето бебе е многу темна, како сок од јаболки (ако неговата урина е светла или бистра, тоа значи дека добива доволно течности, а ако е поконцентрирана, тоа би можело да е знак дека не добива доволно течност, во случајов, млеко).
Вашето бебе е нервозно или летаргично поголемиот дел од времето. Можно е да заспива веднаш откако ќе ја ставите на вашите гради, но се буди ако ја симнете од таму.
Хранењето трае повеќе од еден час, а потоа бебето не изгледа задоволно.
И после доењето вашите гради не омекнуваат.
Ретко слушате дека вашето бебе голта додека го доите. (некои бебиња се тивки, такашто доколку другите сигнали ги нема, не се возбудувајте околу овој…можеби вашето бебе е од оние побесшумните)
Ако сте загрижени дека вашето бебе не добива доволно млеко, не се колебајте и јавете му се на педијатарот или на патронажната сестра и консултирајте се околу доењето. Обично, би требало да ја викнете патронажната сестра и да го доуте бебето пред неа за да може да ве посоветува доколку нешто правите погрешно.
Колку често треба да го доите?
Постои многу широк спектар за она што се смета за нормално. Некои бебиња сакаат да цицаат цело време – но не само затоа што се гладни туку заради блискоста со мајката, а други само кога тоа од нив ќе го побара нивното стомаче.
Но еве каков е типичниот распоред за доење после првите 24 часа од раѓањето во рамките на кои е бебето можеби премногу поспано за да цица. За првиот месец, вашето бебе можеби ќе цица секои два до три часа, или 8 до 12 пати во текот на едно деноноќие. Можеби ова ви изгледа многу и се прашувате дали добива доволно млеко за секое доење, но имајте предвид дека вашето новороденче има мало стомаче и има потреба од почесто полнење.
Во вториот месец може да цица 8 или 9 пати во текот на деноноќието, седум или осум пати на ден во третиот месец, а во четвртиот месец, како што станува поангажирано и поглемо, почнува да цица почесто но пократко. После четвртиот месец фреквентноста почнува поворно да опаѓа и околу шестиот месец ќе цица пет или шест пати во текот на деноноќието. На овој распоред бебето може да остане подолго време, односно, се додека вие продолжувате со доењето.