Како да знаете дали вашето бебе доволно цица?

Прашањето дали на бебето му е доволно млекото со кое го доите е најчестото прашање што си го поставуваат новопечените мајки. Се разбира, вие сакате да бидете сигурни дека вашето бебе ја добива храната која му е потребна, а реално, не можете да видите колку млеко испило додека го доите.

0
4765

Додека повеќето мајки се во можност да им обезбедат на своите бебиња доволно млеко, постојат случаи кога бебињата не добиваат доволно храна. И кога ваквата ситуација нема да биде забележана, постои можност бебето да страда од дехидрација и да не напредува. И двете нешта се случуваат ретко, но се сериозни.

Еве ги знаците кои покажуваат дека вашето бебе добива доволно храна:
1. Вашите гради се помеки после доењето бидејќи бебето ги испразнило цицајќи.
По доењето, вашето бебе изгледа опуштено и задоволно.
2. По враќањето на почетната тежина која ја имало при раѓањето, вашето бебе продолжува да добива на тежина (Повеќето бебиња губат помеѓу 5 и 9 проценти од тежината која ја имале при раѓањето и потоа ја враќаат назад за околу 2 недели).
Вообичаен напредок: во првиот месец, бебето би требало да добива по 150 до 300 грама неделно, во вториот и во третиот месец би требало да добијат 150 до 250 грама неделно, од третиот до шестиот месец би требало да добиваат помеѓу 5 до 10 унци неделно; во месеци 2 и 3, таа треба да се здобијат со 5 до 8 унци неделно; во месеци од 3 до 6, таа треба да добие помеѓу 80 и 140 грама неделно, а од шестиот до 12 месец треба да добијат од 30 до 100 грама неделно.
3. Во првите неколку дена, кога вашето бебе го добива вашиот густ и богат колострум, може да има само една или две влажни пелени во денот. Откако ќе ви надојде млекото, вашето бебе ќе мокри шест до осум платнени пелени на ден, односно, пет или шест еднократни пелени.
4. Во првиот месец вашето бебе има најмалку три столици на ден и тие осветлуваат до боја на сенф до петтиот ден од раѓањето. Кога ќе наполни еден месец може да има помалку празнења и практично, за доени бебиња не е невообичаено да прескокнат некој ден без да имаат столица, но откако ќе почнат да јадат цврста храна, на возраст од околу 6 месеци, веројатно празнењето ќе стане прилично редовно и ќе има повторно најмалку една столица дневно.

[better-ads type='banner' banner='999' ]