Близнаци споени со главите се виделе за првпат по раздвојувањето

Тринаесетмесечните сијамски близнаци кои биле споени со главите се разделени после 27-часовна операција и моментот кога се виделе за првпат откако биле раздвоени, е навистина фантастичен.

0
396

Малечките Џејдон и Ениас МекДоналд биле споени со врвовите на главите се додека не биле успешно раздвоени после 27-часовна екстремно ризична операција.
Малите момчиња се опоравуваат со неверојатна брзина после операцијата направена во болницата Монтефиоре во Њујорк.

1479862886979_conjoined1
Тринаесетмесечните момчиња се родени со царски рез и е вистинско чудо како успеале да преживеат цела година со оглед на тоа што 40% од ваквите близнаци се мртвородени, а останатата една третина умираат во рок од 24 часа по раѓањето. Постои и 80% ризик дека починуваат пред да наполнат две години доколку не се раздвојат. Бебето Џејдон имало неверојатно опоравување, додека Ениас се соочил со повеќе тешкотии, вируси и инфекции, но хирурзите веруваат дека и неговото опоравување ќе биде успешно.

1479862913886_conjoined31479862920956_conjoined4

Операцијата чинела 2.5 милиони американски долари и неговите родители Никол и Кристијан успеале да ги соберат со помош на донации.

395b0d5200000578-3836627-image-a-4_1476372573753Нивната мајка Никол им се заблагодарила на сите луѓе кои им помогнале со трогателна порака во која, меѓудругото, вели: Ви благодарам. Сега кога е се готово и момчињата можат да се видат очи во очи за првпат, тоа ви го должат на сите вас“.
Бебињата имаат уште едно братче кое има две години.
395b0d5a00000578-3836627-image-a-7_1476372593564

[better-ads type='banner' banner='999' ]