Жената ја подоила внуката од брат, снаата збеснала

Што би направиле кога би биле сами со гладно и расплакано бебе, а немате формула за новороденчиња? Луѓето се неодлучни кој е во право. Што мислите вие за ова?

0
563
Фото: Pixabay

Една жена ја чувала својата четиримесечна внука додека нејзиниот брат и снаата излегле на неколку часа. Малата почнала да плаче затоа што била гладна.

„За жал, останавме без формула, а јас не се потпирам на тоа во мојата куќа бидејќи главно го дојам сопственото бебе. Немав друга алтернатива освен да ја подојам внуката, што го правев неколку пати бидејќи ги немаше доволно долго“, ја објаснила таа оваа ситуација.

Имено, нејзината снаа се изнервирала, а темата завршила на Редит, каде луѓето биле со поделени мислења на темата.

Понатаму, објаснила дека не може да трча до продавница за да купи формула бидејќи била сама со две бебиња. Кога парот се вратил, таа им објаснила дека ја доела нивната ќерка – а нејзината снаа воопшто не била воодушевена.

„Таа ме погледна строго со доза на одвратност и ме искара затоа што ја доев внука ми“, се сеќава жената во својата објава на Редит. „Не возвратив бидејќи бев премногу шокирана што таа беше толку вознемирена кога сè што направив беше да го нахранам нејзиното бебе.

Мислењата се поделени. Многу корисници на Редит ја поддржуваат тетката на бебето.

Но еден корисник на Редит се двоумел околу проблемот. „Се чини погрешно некој да дои туѓо бебе без дозвола“, се вели во коментарот. „Но, одговорност на вашата снаа била да спакува формула за нејзиното бебе за да биде сигурна дека бебето ќе може да се нахрани“, напишал тој.

Што мислите вие за ова?

[better-ads type='banner' banner='999' ]