Доењето може да го намали ризикот од постпородилна депресија

Жените кои доеле во времето на собирањето на податоци имале помала веројатност да доживеат постпородилна депресија. Наодите исто така покажале дека подолгото времетраење на доењето е обратно пропорционално со ризиците.

0
38

До 17 проценти од жените после породувањето страдаат од постпородилна депресија (ППД), а болеста се смета и за недоволно препознаена и недоволно лекувана. Бебињата чии мајки страдаат од ППД обично повеќе плачат и имаат проблеми со спиењето.

Подоцна во животот, овие деца може да имаат повеќе проблеми во однесувањето. Понатаму, родителите кои страдаат од ППД се изложени на зголемен ризик од самоубиство.

Знаејќи повеќе за тоа како доењето може да игра улога во намалувањето на ризикот од ППД, се укажува на потребата од поголема поддршка за доењето, како што се достапни советници за доење и зголемена едукација.

„Се чини дека жените кои дојат подобро реагираат на стресни ситуации, спијат повеќе и подобро“, вели др. Кери-Ен Перкинс, гинеколог во одборот на Women’s Health Interactive.

Истражувачите собрале податоци за 29.682 Американки од 26 држави. Ова беше прва студија од ваков вид што ги разгледа податоците од толку голем и репрезентативен примерок.

Жените кои доеле во времето на собирањето на податоци имале помала веројатност да доживеат постпородилна депресија. Наодите исто така покажале дека подолгото времетраење на доењето е обратно пропорционално со ризиците.

Идејата дека доењето може да влијае на ППД е оправдана. Се смета дека ППД делумно е предизвикана од чувствителноста на хормоналните флуктуации, а доењето е хормонален феномен поврзан со хормоните за добро чувство.

„Може да има хормонална компонента во ова бидејќи хормоните пролактин, окситоцин, естроген, кортизол и прогестерон многу флуктуираат за време на постпородилниот период“, забележува д-р. Перкинс.

Не е секогаш можно да се дои, дури и ако сакате. Ако тоа ви се случи, знајте дека најдоброто нешто што може да го направи родителот е да го нахрани бебето, без разлика дали е тоа мајчино млеко, формула или комбинација од двете.

„За некои жени кои страдаат од постпородилна депресија, доењето може да се смета за дополнителен стрес“, објаснува Диди Франке, овластен советник за доење и медицинска сестра која работи како болнички советник за доење, оценувајќи го физичкото и менталното здравје на новите мајки кои имаат проблеми со доењето.

„Важно е мајката или нејзиното семејство и пријателите да му се обратат на својот лекар за да го проценат најдобриот пристап за да ѝ помогнат на мајката која страда“, заклучува Диди, а пишува „Very Well Family“.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]