Дали навистина мастурбацијата го олеснува породувањето?

Ваквиот метод за олеснување на породувањето го пропагира Австралијанката Анџела Гало, а стручњаците го објаснуваат со лачењето на окситоцин. Кога се зборува за мастурбирање како метод за олеснување на породилните болки секако не станува збор за чисто сексуално уживање туку за фактот што телото на жената за време на оргазам ќе овозможи поправилни контракции на мускулите во карлицата, ќе поттикне посилно лаќење на окситацин и така ќе го забрза процесот на раѓање.

0
1320

Оргазмот и раѓањето можеби баш и не одат рака под рака, но една жена, мајка и фотографка на породувања од Австралија почнала да го пропагира ваквиот начин на ублажување на болките.  Австралијанката Анџела Гало за своето искуство напишала:

„За време на моето прво породување чувствував потреба да си помогнам сама на себе, но јас и моето тело бевме премногу срамежливи. Затоа пред второто породување доста истражував и најдов дека мастурбацијата е еден од природните ублажувачи на болки. И кога пробав сфатив дека освен ублажување на породилните болки, мастурбацијата овозможува и други предности. Имено, со стимулација на клиторисот вашиот фокус се префрла од болките во стомакот на самата вагина и енергијата која притоа циркулира низ вашето тело. Трудовите беа навистина помалку болни , а периодот помеѓу нив ми беше многу поубав“.
Можеби мастурбацијата не е баш конвенционална метода но не постојат причини зошто да не се применува. Ако сакате оргазмичко породување, помогнете си! И секако дека тука не станува збор само за сексуално уживање, туку телото на жената притоа овозможува поправилни контракции на мускулите на карлицата, а кога бебето ќе тргне да излегува, понекогаш таа дополнителна контракција и е се што и треба на родилката.

Ова го споменуваат дури и гинеколозите кои не гледаат причина зошто жената при раѓањето да не си помогне себеси на овој начин. Во секој случај, тоа не е акт кој ќе и одмогне и дефинитивно во таков момент неговата цел не е сексуалното задоволство.

Затоа, ако за времре на породувањето почувствувате потреба да си помогнете на овој налин, направете го тоа. За волја на вистината нашето општетство е се уште прилично конвенционално, па веројатно оттаму и многуте негативни коментари кои ги добила Анџела Гало откако ја објавила својата приказна. Но како што вели и самата, тие коментари се главно од луѓе на кои им е поважно што се зборува за нив од она што самите го чувствуваат. Значи, веројатно вашиот гинеколог ќе ве гледа чудно, но ако не ви е важно кој што мисли за вас и само сакате да си помогнете и да си олесните, затворете ги очите и пробајте.

[better-ads type='banner' banner='999' ]