Двогодишно девојче со Даунов синдром е нова модна икона

Лили Бидејл е двогодишно девојче со Даунов синдром и е ново заштитно лице на британската модна куќа Маталан             

0
269

По малиот Ашер, слаткото момче со Даунов синдром кој кон крајот на минатата година „потпиша“ договор како нов модел на брендот Osh Kosh Bgosh, уште една мала ѕвезда тргна по неговите стапки и така го менува лицето на убавината.

Се сеќавате ли на проектот Change the Face of Beaty – проект чија цел беше да се подигне свесноста дека убавината навистина доаѓа во сите облици, величини и можности?

Дека е тоа навистина така докажува и ова мало девојче со Даунов синдром. Плакататите со малата Лили Бидејл, која стана заштитино лице на популарната британска модна куќа Matalan веќе с енаоѓаат на 217 локации.

„Признавам, така се расплакав кога го видов првиот плакат. Не можев да си помогнам. За неа едноставно не постојат граници!“, напишала нејзината мајка Вики. Малата Лили од локалните плакати и постери ги помина меѓуконтиненталните граници па нејзиното неодоливо лице сега го краси и веб изданието на Маталан дури и на Блискиот Исток.

[better-ads type='banner' banner='999' ]