Дали лажењето на децата за Дедо Мраз може да биде штетно?

Според една нова студија, мајките и татковците кои ги поттикнуваат децата да веруваат во Дедо Мраз можеби ризикуваат ова да влијае на влошување на нивните односи со детето во иднина и на губење на довербата.

0
227

Според една нова студија, мајките и татковците кои ги поттикнуваат децата да веруваат во Дедо Мраз можеби ризикуваат ова да влијае на иднината на односите родител-дете. Во написот објавен во списанието Lancet Psychiatry се укажува на тоа дека оваа мала бела лага – иако навидум безопасна – би можела да предизвика проблеми во иднина, кога вистината еднаш ќе биде откриена.

Психолозите кои стојат зад ова истражување, Кристофер Бојл и Кети Mекеј, тврдат дека лажењето на децата, дури и за нешто толку забавно и несериозно, може да ја поткопа довербата на детето во своите родители подоцна во животот.

Ако родителите се способни да лажат за нешто толку посебно и волшебно, дали можат да продолжат да функционираат понатаму како чувари на мудроста и на вистината?

Исто така, психолозите велат дека охрабрувањето на децата да веруваат во една митска фигура која им суди дали биле лоши или добри, може да се гледа и како етички проблематично.

„Етичноста на постапката со која децата се поддржуваат во верувањето во таков мит може да биде проблематична“, вели професор Бојл од Универзитетот во Ексетер http://www.womensweekly.co.nz/how-to/christmas/lying-to-kids-about-santa-could-be-damaging-21434

„Сите децата кога тогаш ќе дознаат дека со години биле измамувани од своите родители и тоа би можело да ги натера да се запрашаат какви други лаги им биле кажувани. Дали е во ред да се направи децата да веруваат во Дедо Мраз е интересно прашање, а воедно, интересно е и прашањето дали ваквото лажење може да влијае врз децата на начин кој не е земен предвид.

Психолозите сепак признаваат дека некои бели лаги не се секогаш лоши за децата. На пример, веројатно е поубаво кога на детето ќе му се каже дека неговото неодамна починато милениче отишло на некое посебно место на небото, отколку да му се кажува вистината и да му се опишува неговиот повторен влез во јаглеродниот циклус”, напишаа тие во списанието.

Психологот Даниел Џексон коментирајќи го овој извештај, го изразува своето несогласување со тврдењата во него, велејќи дека има многу поголеми закани за моралниот компас на младите од Дедо Мраз.

“Всушност, присуството на Дедо Мраз може да им овозможи на децата да размислуваат повеќе за нивното однесување, изјави таа за Huffington Post UK. Зексон вели дека придобивките од верувањето во Дедо Мраз го вклучуваат и чувството за „ритуал и споделување на заедничката магија која на Божик ги обединува семејствата.

[better-ads type='banner' banner='999' ]