Децата откриваат што е добро во тоа да се биде возрасен

Во рамките на едно истражување во Велика Британија децата биле прашани што е според нив најдобрата работа во тоа да се биде возрасен – и нивните одговори се навистина неодоливи.

0
234

Едно истражување во Велика Британија открива што мислат децата за тоа која е најголемата придобивка од тоа да се порасне и да се биде возрасен. Кај децата на возраст од 8 до 15 години кои биле прашани која е според нив најдобрата работа во тоа да се биде возрасен, на врвот од листата е слободата сами да изберат кога е време да се оди на спиење.

Потоа следуваат:

Слобода да си ги посетиш пријателите кога ќе посакаш

Да добиеш куќа и да ја уредиш по сопствен вкус

Да одебереш која работа сакаш да ја правиш

Да си купиш домашно милениче

Да стануваш од спиење кога сакаш

Да јадеш тоа што сакаш

Да имаш деца

Да ја боиш косата во која боја и да посакаш

Да се истетовираш

Да си ставиш пирс

Ние возрасните знаеме дека барем половина од ова во реалноста не функционира вака, нели?

Но повеќето возрасни веројатно ќе се сложат со она што децата го одбрале како најлошата работа што те очекува кога си возрасен.

На листата на лошите нешта се:

Да се биде одговорен за парите

Да се оди на работа

Да се нема училишен распуст

Да се има помалку слободно време

Физичките знаци на стареењето (брчки и губење на косата).

[better-ads type='banner' banner='999' ]