Наближува период во кој сончевите зраци и витаминските прехрамбени намирници се повеќе ќе недостасуваат. Затоа докторите препорачуваат поведете грижа за навремена консумација на потребните витамини кај дечињата за овој период од годината.
Витаминот Д3 и имунолошкиот систем
Функцијата на витаминот Д е да го стимулира имунолошкиот систем кога е преслаб, но и да ги ублажува активностите на имунолошките клетки кога тој систем делува премногу силно. Познато ни е дека правилната функција на имунолошкиот систем нé штити од бактериски, вирусни и габични инфекции. Во обратната ситуација, кога имунолошкиот систем делува посилно отколку што е потребно, доаѓа до алергиски реакции и автоимуни заболувања како што се дијабетес, лупус, псоријаза и др. За одбрана и заштита на имунолошкиот систем вообичаено посегнуваме по витамин Ц, а ретко на кој ќе му падне на ум да помисли дали можеби детето кое страда од чести инфекции има дефицит на витаминот Д3.
Едно од одобрените здравствени тврдења за витаминот Д3 е дека тој придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем. Иако дневните потреби на организмот за овој витамин не се големи, сепак неговиот недостаток во последно време е многу чест. Клучни за создавање на витамин Д во организмот се ултравиолетовите зраци, и затоа неговиот недостаток вообичено се манифестира во зимските месеци. Многу малку се намирниците кои природно го содржат витаминот Д. Масните риби, како што се скушата, сардината и лососот се богати со витамин Д3. Жолчката од јајцето, путерот и сирењето се исто така извори на витамин Д, но вредностите се доста променливи. Токму затоа, многу е тешко да се подмират потребите на организмот со витамин Д3 по пат на прехранбени извори. Витаминските суплементи се честопати неопходни.
Рибиното масло помага бројни функции во детскиот организам
Дали се сеќавате на вашето детство и одвратниот вкус на рибино масло кое до денешен ден се уште не сте го заборавиле? За некои од нас тоа било одамна кога храната се уште не била толку неквалитетна за да мораме да земаме суплементи и витамински додатоци, а сепак рибиното масло редовно било дел од дневното детско мени. И затоа не изненадува што во светот се третира како најстар суплемент во исхраната.
Сепак, денес има специјални дозажни облици на рибино масло во кои успешно се маскира непријатниот вкус, а со тоа се многу полесни за консумација. А денес, токму поради неквалитетната храна, поради неизбалансираната и нередовна исхрана, рибиното масло треба да е неизоставен дел од менито на секој човек, особено на децата.
Мозокот на децата во најголем дел се храни со Омега 3 масните киселини. Докторите особено го препорачуваат за жителите на подрачја какво што е нашето поради недостаток на морска риба, и нејзиното неконсумирање. Доколку децата немаат барем 2 оброка неделно со риба, додатокот од Омега 3 масни киселини за нив е неопходен.
Со оглед на виталното значење и на двата витамини, за периодов што ни претстои Ви препорачуваме на вашите дечиња да им давате витамински додаток кој е комбинација на витамин Д3 и рибино масло.
ВИТОСИ нека биде изборот за оваа есен и зима, затоа што има пријатен вкус на портокал, затоа што го подобрува имунитетот, концентрацијата и меморијата, затоа што е природен и лесен за консумација во форма на меки пастили кои се џвакаат и не оставаат непријатен вкус. Придобивките се бројни.
Бидете сигурни дека децата ќе го сакаат.
ВИТОСИ. За здрави и паметни дечиња!
Др. Лазар Ордевски