Осуммесечно девојче од Индија тежи неверојатни 18 килограми

Чахат Кумар, од индискиот град Пунџабима се родила со нормална тежина, а сега, на осуммесечна возраст тежи колку просечно четиригодишно дете.

0
377

Осуммесечната Чахат Кумар која живее со своите родители Сурај Кумар (23) и Рена Кумар (21) во индискиот град Пунџабима, иако се родила како бебе со нормална тежина, сега тежи 18 килограми.

Според мајката таа јаде цело време, а ако не ѝ дадат храна, плаче.

Девојчето се родило со нормална тежина, а потоа полека почнало да се дебелее.

„Толку многу е тешка што ни е многу мачно да ја носиме во раце“, објаснува мајката Рена.

Нејзините родители велат дека за нејзиниот апетит е виновен Господ и негираат секаква одговорност околу нејзината исхрана.

Лекарите се збунети бидејќи не знаат што е причина за нејзиниот огромен апетит и многу се загрижени за нејзиното здравје. Таа уште сега се бори за воздух, а не може ни да спие како што треба. Освен дебелината, девојчето има уште една аномалија, а тоа е исклучително дебела кожа поради што е многу тешко да и се земе примерок од крвта и да се анализира нејзината состојба.

Нејзините родители сакаат, без оглед на тежината, таа да има нормално детство и да си игра со другите деца, па тешко им паѓа кога луѓето и се смеат.

[better-ads type='banner' banner='999' ]