Според пишувањата на медиумите, околу 12 отсто жени страдаат од алергија на семената течност. Притоа симптомите се различни – од благи како што е благо пецкање, печење по контактот со спермата, јадеж, средно силни како црвенило, отоци, пликови, исфрланост, може да предизвика и повраќање, пролив, а во ретки случаи може да дојде, како и кај сите алергии, и до губење на свеста, гушење и анафилактички шок, а на крајот и до смрт. Но такви случаи се исклучително ретки.
Проблемот лежи во семената течност, а таа е иста кај секој маж, односно, промената на партнерот нема да го реши проблемот. Сепак, ако двојката сака дете, проблемот е решлив.
Алергологот др.Јоханес Ринг открил дека проблемот е дел од семената течност, односно која предизвикува реакција во организмот како и во случај на останатите алергии. Кога телото не препознава некоја материја, ја препознава како можна причина за болест и реагира.
Но лек постои. Во секој случај секс не би смеел да се практикува без кондом, а доколку жената сака бебе, пред полниот однос би требало да зема антихистаминици. Жената може да помине и терапија која создава толеранција на сперма, а предвид би можело да дојде и вештачко оплодување со сперма лишена од оној дел кој ја предизвикува реакцијата.
Во секој случај, се чини дека секоја 12-та жена страда од опишаните симптоми, па не е тема која би требала да остане премолчена.