Пет од татковците кои се пријавуваа самите или во поголем број беа пријавувани од своите сопруги на наградната игра што ја организираше нашиот портал во соработка со dm маркети ќе добијат по еден сет-производи од babylove. Наградите можат да ги подигнат од понеделник до петок од 09:00 до 16:00 во централата на dm на улица Даме Груев бр. 7, Скопје – Центар.
Сетот содржи:
1. babylove Ultra Sensitive лосион за бањање, 200 мл
2. babyloveкрем против осип, 75 мл
3. babyloveлажички, 5/1
- Стојан Маркоски
Моите обврски, кои пред се ми причинуваат задоволство, околу мојата ќерка Јана се следните: облекување и спремање за во градинка-миење заби, чешлање, врзување на репчиња и сл.; бањање, хранење, читање приказни, гледање цртани филмови, играње со коцки и сложувалки, прошетки во природа и др. И покрај многубројните тековни работи секогаш се обидувам да најдам што е можно повеќе време за мојата ќерка и истото да го искористам квалитетно. Сите обврски изгледаат толку мали кога ќе го слушнам гласот на мојата ќерка како ми вика: тато! - Ѓоко Здравески
Тато Ѓоко секогаш наоѓа време да си поигра со Мила и Бојан. Во секое време кога е дома тој или со Бојан игра на подот со топка или на масата реди сложувалка со Мила. Исто така, помага и во чувањето на двајцата кога не се во градинка. Секогаш кога е времето убаво, заедно одиме на прошетки во природа. Помага и за бањање и за облекување, а и за сушење коса.
3. Сашо Шукуроски
Уште пред да се роди малиот Ангел, тато редовно го гледаше на ултразвук, го галеше стомакот на мама и му зборуваше за подобро да се запознаат. Откако се роди Ангел, тато секое слободно време го користи за да си поигра со него и му помага да научи да лази и да оди. Многу често знае и да му даде да јаде и да му ја смени пелената. За нас нашиот татко е најдобар и заслужува награда.
4. Даниел Кралевски
Јас сум татко на малечката Дариа. Како родител секогаш гледам да најдам слободно време и да и се посветам на мојата ќеркичка. Наутро имаме ритуал на будење, па пуштаме ТВ и заедно пееме и играме. Често и менувам пелена, ја облекувам, а и наместо мама знае да го побара тато за бањање. Секојдневно шетаме во блискиот парк и како професионален фотограф ја сликам Дариа, а таа обожува да позира. Таа е моето најголемо богатство, а гледајќи ја како расте среќна и весела, ме исполнува и ме прави горд татко.
5. Мите Миленковски
Си играме заедно, се шетаме, но и помагам на сопругата и во бањањето на нашето дете, а самиот ја пресоблекувам кога ќе се извалка, и ја менувам пелената, се држиме заедно, гукаме, се смееме и обожавам да го правам сето тоа, да бидам до моето дете и да и помагам на сопругата.