„Доењето не е само тешко, тоа е ужасно напорно“

Доењето, иако е прекрасно и совршено, не мора да е такво од почеток. И напорно е и тешко, но кога ќе помине првата фаза од прилагодување, станува токму такво – прекрасно и совршено! Само имајте трпение!

0
2080

Во врска со доењето има полно неодговорени прашања, а многу новопечени мајки доаѓаат дома со бебето комплетно неподготвени за тоа што ги чека.
За доењето се зборува толку многу, но сепак изгледа дека младите мајки всушност воопшто не се свесни што е тоа што е толку тешко во овој природен чин. Затоа многу од нив пристигнуваат дома со бебето тотално неподготвени за часови и часови доење, често во неудобни пози и ситуации кои дотогаш им биле незамисливи.
Постојано се зборува дека е доењето тешко, дека може да биде болно, се зборува за маститиси, за начините како да го научите бебето да цица како што треба. Од друга страна пак, се почесто и се повеќе се промовира доењето како природен чин кој на жените им доаѓа токму така, природно, а младите мајки се фалат како уживаат во доењето, многу од нив дојат и подолго од она што се препорачува како доволен период за доење и поради сето тоа новопечените мајки имаат чувство дека и со нивното доење ќе биде се како што треба.

Но тоа понекогаш не е случај, затоа што повеќето мајки навистина треба да поминат низ одреден период додека и тие и ниувните бебиња не се навикнат и додека тој чин не стане навистина лесен и помалку напорен. Затоа што, да буидеме реални, знае да биде напорен. Трае долго, а на почеток ниту една мајка не знае и не е сигурна дали се прави како што треба, дали бебето доволно цицало, колку време треба да помине помеѓу две доења затоа што бебето упорно плаче, кога треба да се понуди и другата дојка…Со доењето се наметнуваат толку многу прашања кои ги збунуваат жените.
Токму за ова проговорила и оваа мајка која на својот профил објавила фотографија на која дои и не изгледа воопшто среќно:
„Доењето е тешко. Навистина е многу тешко“, напишала таа под фотографијата. „Несигурност, дилеми, одговорност, предаденост, немир, замор…Доењето е преполно со неодговорени прашања, а вие немате поим што се случува. Дали бебето доволно јадело, или можеби премалку? Зошто постојано плаче? Дали е моето млеко добро? Зошто толку долго цица? Ми изгледа како постојано да дојам! WTF??“, се прашува младата мајка која не очекувала дека после породувањето ќе се соочува со вакви проблеми.

Но бидејќи е сето тоа дел од процесот на прилагодување на малото бебе, и на неговото прилагодување кон надворешниот свет, и со оглед на тоа што е секоја мајка индивидуа сама за себе, потребно е понекогаш да се објавуваат и вакви текстови. Вакви искуства, вакви дилеми не би требало да ги исплашат младите идни мајки, напротив, би требало да им дадат реална слика и за тоа што можеби ги очекува.
Затоа што, иако е природно, доењето само по себе не мора да оди и толку лесно од почеток. Но како и да е, младите мајки треба да знаат дека дури и ако имаат слични проблеми, не се сами.

[better-ads type='banner' banner='999' ]