Кои се вистинските последици од доцното заспивање на вашите деца?

Не станува збор само за тоа дека следниот ден ќе бидат малку кисели и уморни...

0
750

Ако детето не спиело доволно, студијата публикувана во Frontiers in Human Neuroscience сугерира дека тоа би можело да има импликации на неговиот когнитивен развој или врз развојот на неговиот мозок во иднина.

По останувањето будни до доцна, и на возрасните и на децата им е потребен период од длабок сон за да се опорават, но она што истражувачите го откриле е дека лишувањето од сон влијае различно врз мозокот кај возрасните и кај децата.

Експертите продолжуваат да истражуваат која е разликата помеѓу последиците од лишувањето од сон меѓу возрасните и децата. Додека лишувањето од сон има тенденција да ги забави возрасните, кај децата има обратен ефект.

Еве некои од симптоми на недостаток од сон кај децата на кои треба да внимавате:

  • Нерасположение и раздразливост
  • Изливи на лутина
  • Тенденција од емоционална експлозија и на најмала провокација
  • Прекумерна активност и хиперактивно однесување
  • Дневно дремење
  • Збунетост и слабост при утринското будење
  • Неволност за станување од кревет наутро

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]