Кои се најчестите прашања на новопечените мајки?

Загрижени за децата, за нивното здравје, раснење, однесување, често немоќни да помогнат, новопечените мајки имаат многу прашања...  

0
375
Mother With Baby Suffering From Post Natal Depression

 

 

Кога бебето ќе се роди, колку и да изгледале подготвени за родителството што ги очекува, мајките имаат многу недоумици, но веројатно најчестите се следниве:

Дали моето млеко е квалитетно?

Најдобрата варијанта е секогаш кога детето ќе се размрда да го ставите бебето на дојката. После пет-шест дена почнува да се зголемува количината на млеко, после што се прави преодно млеко кое изгледа водникаво. Не се плашете затоа што после 15 дена почнува да се лачи зрело млеко кое е токму онакво како што треба.

Имам застој на млекото

За тој проблем е секогаш добредојдено туширањето со топла вода во пределот на дојките. Исто така, држете 15 минути ладна облога помеѓу подоите на местото кадешто е застојот. Топлиот облог ставете го пред подојот.

Носот на бебето е постојано затнато?

Носето на бебето нека се исчисти со физиолошки раствор пред подојувањето, затоа што ако е затнато бебето не може да цица.

Каде и како треба да спие?

Бебето треба да спие на грб на рамна површина, без никакви потпирачи. Не е пожелно, особено сте болни, да спие покрај вас.

Дали е се во ред со столицата на бебето?

Постои правило на седмицата, а тоа се однесува на тоа дека некогаш бебето седум дена нема столица, но се случува и да има седум пати во текот на еден ден. Ако седум дена нема столица, тоа значи дека се што ќе исцицало, бебето го искористило. Битно е бебето да се набљудува, да се види дали напредува или се мачи, дали е тажно или расположено. Ако е весело, убаво цица и убавои спие, тогаш нема простор за грижа. Правилна боја на столицата е златножолта, но може да биде и со друга боја.

[better-ads type='banner' banner='999' ]