Тајните на најздравите деца на светот

Според неодамнешната студија објавена во The Lancet, Јапонија е земја во која живеат луѓе со најдолг „здрав животен век“ во светот, од јапонските момчиња и девојчиња се очекува да живеат до 73 без посериозни болести или инвалидитет.

0
1042

Зошто се Јапонците најдолговечната нација на светот? Наоми Моријама која пораснала во Јапонија и нејзиниот сопруг Вилијам Дојл почнале да го истражуваат ова и еве ги нивните совети кои и вие можете да ги примените на вас и вашите деца:

Одберете храна со помалку „калории по залак“

Типичен јапонски оброк е мала чинија ориз, чинија мисо супа и три јадења кои се служат во мали садови: скромна големина на порцијата риба, месо или тофу и две јадења од зеленчук. Не морате да почнетесо готвење на автентична јапонска кујна, но уживајте во повеќе овошје, зеленчук, житарки и риба која содржи помалку калории. Помалку обработени намирници со прекумерни калории или со додаден шеќер.

Вежбајте „флексибилна воздржаност“

Ограничувањето на храната или „сатанизацијата на храната“ не се дел од јапонскиот начин на живот. Децата се поттикнуваат да уживаат во слатки и грицки, но во соодветни количини и не често. Храната се служи во помали чинии и нема супердимензионирање.

„Ние веруваме во „флексибилно воздржување“ кога станува збор за помалку здрава храна. Тоа е јапонскиот образец. „Само напред и уживајте во пица, сладолед, колачи или чипс од време на време, но не секој ден и се разбира, не купувајте големи кеси чипс и големи пакувања сладолед.

Повеќе ориз

Оризот заситува и ја заменува храната која заситува помалку, како што е сувиот леб. Иако велат дека белиот ориз има висок гликемиски индекс неговото комбинирање со храна како што тоа го прават Јапонците, односно, со риба, зеленчук и морска трева и консумирањето на такви мешани јадења нивното гликемиско влијание е минимизирано и елиминирано.

Почнете да пешачите

Физичката активност на Јапонците се вградува во нивните животи уште од најрана возраст. Повеќе од 98 отсто од јапонските деца пешачат или возат велосипед до училиште, а тоа значи дека поголемиот дел од јапонските деца ги исполнува препораките за децата да се занимаваат со умерени до тешки физички активности 60 минути дневно само со пешачење од и до училиштето и со тоа ја воспоставува доживотната навика за редовно вежбање. Ова е најлесниот дел, па исклучете ги своите електронски уреди на еден час и излезете на воздух со своето семејство, прошетајте и разговарајте затоа што здравствената полза за децата, а и за вас, е огромна.

Бидете авторитет за своето дете во стилот на здраво живеење

Јапонските родители ги инспирираат своите деца да се обидат да уживаат во широк спектар на различна здрава храна, вклучувајќи многу различно овошје и зеленчук и семејните оброци се редовен ритуал. Наместо да бидат строги родители кои забрануваат шеќер или велат „изеди се инаку нема сладолед“, Јапонците настојуваат да не реагираат премногу ако детето одбива некоја нова храна или ако не изеде се.

Значењето на ручекот
Јапонските училишта имаат само здрава храна и поочнувајќи од основното училиште, на децата во средина на денот им се служи оброк од здрави намирници свежи приготвени на лице место. Нездрави опции едноставно не постојат.

„На овој начин, тие учат да ги сакаат здравите, вкусни избори кога ќе ја ставите храната пред нив, децата истовремено и помагаат во приготвувањето и во служењето на храната и едуцирањето за исхраната е дел од наставниот план и програма. Студентите посетуваат локални фарми и учат за исхраната, готвењето, манирите и социјалните вештини.

Совет плус: Обично не можете да влијаете на она што вашето дете го добива за ручек во училиште, но можете да бидете нивен водич и инспирација за појадок и за вечера.

[better-ads type='banner' banner='999' ]