Познато е дека мајчиното млеко е добро за зацелување на раните на брадавиците и дека може да се капнува во окото на бебето ако дојде до воспаление, а една мајка со фотографија поткрепи уште една негова неверојатна моќ.
Американката Мелори Смутерс забележала дека нејзиното дете се бори со настинка. Се издоила навечер пред да си легне и во текот на ноќта го доела своето бебе кое кивало и имало затнато носе. Утрото се издоила повторно и забележала дека нејзиното млеко има поинаква боја.
Оваа Американка објавила на Фејсбук фотографија од вечерното и од утринското издојување, на која се забележува голема разлика во млекото. Во едната кесичка млекото има бела боја, а во другата (во која се наоѓа млекото што го издоила утрото после доењето на настинатото дете) млекото има жолтеникава боја.
Интересно е што составот на мајчиното млеко се прилагодува кон потребите на бебето, зависно од неговата возраст, од температурата и така натаму. Научно е докажано и дека постои разлика со оглед на полот на детето. Млекото на мајките на момчиња е покалорично и содржи повеќе масти и протеини од млекото наменето за девојчињата.
Доењето е повеќе од храна
Мелори читала за доењето и сфатила што точно се случило и одлучила своето откритие да го напише во статус кој ви го пренесуваме во целост:
„Значи… Ова е лудо и неверојатно – неодамна читав статија во медицинско списание дека мајчиното млеко се менува соодветно на потребите на бебето и тоа не само во однос на калориите. Докторот напишал дека во текот на доењето доаѓа до вакуум во плунката на бебето влегува во брадавицата на мајката. Се верува дека млечните жлезди препознаваат дали во плунката има бактерии или вируси и доколку откријат дека нешто не е в ред (на пример, дека е бебето болно или дека се бори со инфекција), телото на мајката ќе го смени имунолошкиот состав на млекото прилагодувајќи се кон специфичните патогени на бебето и произведувајќи прилагодени антитела. (Науката го поткрепува ова. Клиничка и транслаторна студија од 2013 година потврдила дека леукоцитите во мајчиното млеко растат кога е бебето болно). Оваа информација ми остана некаде во позадината на мозокот се додека денеска не се издоив за да го спакувам млекото за замрзнување. Се издоив во четврток пред да си легнам (левата кесичка на фотографијата). Во текот на ноќта го доев бебето на секои два часа и во раните утрински часови забележаб дека и е затнато носето и дека кива. Веројатно настинала. Во петокот наутро се издоив како и секогаш (десната кесичка на фотографијата). До денеска не ја забележаб разликата, но погледнете како млекото издоено во петок повеќе наликува на колострум (супермлеко полно со антитела и со леукоцити кои ги произведувате во првите денови по породувањето) и тоа после доење на настинато дете во текот на цела ноќ.
Феноменално, зарем не?“