Гените се виновни кога децата не сакаат да пробаат одредена храна

0
160
Следејќи 5.390 близнаци на возраст од 8 до 11 години, научниците утврдиле дека избегнувањето на нова храна кај децата во 80 отсто од случаите е наследно.
probirljivost-kod-dece-680x450

Научниците од Лондонскиот универзитет сметаат дека гените се главна причина затоа што децата не сакаат да пробаат одредена храна. Следејќи 5.390 близнаци на возраст од 8 до 11 години, научниците утврдиле дека избегнувањето на нова храна кај децата во 80 отсто од случаите е наследно.

Истражувачите им порачуваат на родителите дека не мораат да се чувствуваат одговорни затоа што нивните деца одбиваат да јадат одреден вид на храна. Според нив, почестото нудење на храната која децата одбиваат да ја јадат, ќе доведат до тоа децата да почнат да ја препознаваат, и на крајот сепак да одлучат да ја изедат.

[better-ads type='banner' banner='999' ]