Во раното детство се битни овие вредности кај децата

Главна заадача на секој родител е да му помогне на детето да ја гради својата самодоверба, односно да биде независно.

0
1032

Во предучилишниот период кај децата се втемелуваат одредени вредности кои се проткајуваат во текот на целиот живот. Преку одредените стандарди за рано учење и развој кај предучилишните деца, секоја држава гради систем на вредности коишто секое дете треба да ги поседува како предуслов за понатамошно вклучување во општествениот живот.

Во Македонија очекувани вредности во раното детство се: независност, одговорност кон себе и кон околината, прифаќање и почитување на различните од себе, толерантно однесување и солидарност, културно однесување, креативност, иницијативност итн.

Главна заадача на секој родител е да му помогне на детето да ја гради својата самодоверба, односно да биде независно. Тоа може да се постигне доколку му дозволиме на детето уште од најрана возраст да ги извршува сите работи самостојно.

Секое дете ќе се соочи со неуспех при првите обиди, но ако правилно го насочуваме и го поддржуваме да учи преку обиди и грешки ќе успееме да му помогнеме да биде независно. Тоа не значи дека ние го присилуваме или условуваме детето да прави одредени работи, туку му помагаме да верува во себе и во своите можности, бидејќи понатаму во животот најмногу треба да се потпира на самото себе. Притоа кај детето се јавува одговорноста кон себе си и кон околината. Тоа станува свесно за своите постапки и последиците од истите. Детето станува свесно за неговото сопствено влијание, а преку своите постапки тоа ги потврдува своите способности.

Секое дете кое расте без предрасуди секогаш ги прифаќа и почитува различностите, при што кај него се развива културното однесување и солидарнста. Преку разни примери, родителот го насочува детето да биде толерантно и солидарно во одредени ситуации. Особено преку играње улоги, децата се водени од своите емоции и ја развиваат емпатијата.

Секое дете ја носи својата иницијативност во себе, која треба да ја поддржуваме и развиваме, бидејќи таа може да се претвори во креативност.

Кај децата најважно е да се развие иницијативноста, инидивидуалноста и идентитетот. Детето треба да ги знае своите права и одговорности и да ги развива вештините за доживотно учење.

м-р Соња Чаловска, педагог, директорка на градинка „Спирит“, Скопје

spirit

[better-ads type='banner' banner='999' ]