Во Франција им плаќаат на трудниците да го остават пушењето

Болниците во градовите низ Франција ќе им плаќаат на идните мајки и до 300 евра во ваучери за да го остават пушењето.

0
1381

Болниците во градовите низ Франција ќе им плаќаат на идните мајки и до 300 евра во ваучери за да го остават пушењето. Станува збор за студија со која ќе биде тестирана ефикасноста на финансиското наградување во мотивирањето на пушачите за да се ослободат од штетните навики.

Без сомнение дека пушењето во текот на бременоста е многу опасно за бебето и за мајката. Тоа го зголемува ризикот од спонтан абортус и познато е дека предизвикува намалување на снабдувањето со крв на плацентата. Исто така, пушењето е поврзано со растот на бројот на предвремено родени бебиња и со разни конгенитални малформации.

И покрај тоа, дури 17,8 трудници во Франција продолжуваат да пушат во бременоста, покажал извештајот на Министерството за здравство од 2015 година.

Во обидот да се изборат со овој проблем, покрената е студија чија цел е да провери дали парите може да ги мотивираат трудниците да ги остават цигарите. Седумнаесет болници градови во Франција ќе учествуваат во ова истражува во траење од 36 месеци. Учесниците ќе ги посетуваат стручњаци за одвикнување од пушење во склоп на редовните прегледи во текот на бременоста и секој пат ќе добиваат ваучер од по 20 евра кој ќе можат да го искористат во голем број продавници. Вкупно, идните мајки ќе можат да заработат и до 300 евра во ваучери во текот на бременоста и притоа да заштедат пари кои инаку би ги дале на цигари. 

За да се квалификуваат за студијата, учесничките мора да имаат барем 18 години, да го поминале второто тромесечие и да пушат барем пет цигари дневно. Што е уште поважно, мора да имаат голема желба да ги остават цигарите. 

Ова не е првпат да се употребат ваучери како „морков“ во студиите за пушењето и бременоста. Слично истражување во Шкотска покажало дека парите може да бидат силен мотиватор за оставање на цигарите, а од 612 учеснички, 22,5 отсто го оставиле пушењето.

Фото: www.stayathomemum.com.au

[better-ads type='banner' banner='999' ]