Родителите (не) грешат: Опасноста која демне зад фразата „не разговарај со непознати луѓе“

„Не разговарај со непознати луѓе“ е реченица која и самите сме ја слушнале од родителите безброј пати, а која ја пренесуваме на своите деца

0
1041

Во 90 отсто случаи, киднаперите се личности кои ги познаваат своите мали жртви. Од таа причина, фразата „не разговарај со туѓинци“ можеби и не е лекција која децата неопходно мора да ја научат, советува Фондацијата за превенција од насилство на децата „Kid Safe“.

Не разговарај со непознати луѓе“ е реченица која и самите сме ја слушнале од родителите безброј пати, а која ја пренесуваме на своите деца (дури и одѕвонувала и на Црвенкапа низ главата, додека шетала низ шумата).

Меѓутоа, дали ова правило е неопходно да се пренесува од генерација на генерација? Еве што за тоа мислат стручњаците на американската фондација која ги едуцира децата и возрасните со цел спречување на сексуалното злоставување и насилство врз децата.

– Секако дека постојат туѓинци кои имаат лоши намери, но не се сите луѓе на светот лоши. За жал, врз основа на изгледот, не можеме да го процениме човекот, па се водиме според тоа – од непознатото да бегаме – велат од фондациајта.

Иако повеќето родители се плашат дека нивните деца ќе бидат нападнати од страна на непознати лица, децата кои ќе претрпат каков било облик на насилство главно ги познаваат своите напаѓачи. Од таа причина можеби би требало познатата фраза да ја исфрлиме од употреба при воспитувањето на децата.

Наместо постојано да ги учиме децата што не би требало да прават, можеби е време да го направиме токму спротивното. Прашајте ги како би постапиле доколку им пријде туѓинец и внимателно слушајте го нивниот одговор. Нивниот одговор веројатно нема да биде адекватен, но затоа вие сте тука да ги посоветувате и да помогнете му да направи сигурен и паметен избор.

Фото: www.yumama.com/Shutterstock

[better-ads type='banner' banner='999' ]