Зошто не се препорачува користење на дубак?

Истражувањата покажале дека користењето на дубакот нема позитивно влијание врз развојот на бебето. Напротив

0
1954

Според стручњаците, користењето на дубакот не само што нема позитивно влијание врз развојот на бебето, туку и го забавува напредокот на бебето и чувството за координација. Детето во него се чувствува премногу сигурно, нема чувство за движењата и секогаш се оттурнува исклучиво со прстињата на нозете, а не со цело стапало. Од наведените причини и многу други (како повредите кои се случувале во текот на последните децении), дубакот е забранет за користење во Скандинавските земји и во Канада.

Повеќето деца ги прават првите самостојни чекори на возраст помеѓу 9 и 12 месеци, а проодуваат до 15 месеци старост. Просечно, бебињата на околу 9 месеци почнуваат да се креваат на нозе со придржување за мебелот. Правилното кревање на нозе почнуваат со потпирање на свиткано колено, а детето со тоа се учи и како правилно да седне по станувањето. Кога детето ќе го усоврши тоа движење, просечно на возраст од 12 месеци, очекувано е дека самостојно ќе прави чекори од едно до друго парче мебел, а понекогаш и ќе се пушти сосема и ќе направи по некој чекор и без придржување. Потоа е само прашање на ден кога и самостојно ќе прооди.

Значи, генерално правило за тоа кога детето застанува на нозе без придржување, нема, но постојат рамки во кои е очекувано ова да се случи. Она што е потврдено е дека не е препорачливо детето да се крева и да се потпира на нозе до моментот кога самото нема да биде подготвено за тоа, а особено не треба да се форсира за одењето, затоа што така не се постигнува ништо позитивно, туку се постигнува спротивен ефект. На детето треба да му се дозволи развој со негово темпо, а не со она кое родителите и средината го сметаат за пожелно и прифатливо.

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]