Зошто не би смееле да ги вртите децата држејќи ги за подлактици?

Не постои родител кој не го завртел своето дете околу себе дрејќи го за раце. Сепак, една мајка има совршена причина која ќе ве увери да не го правите тоа.

0
468

Веројатно илјадници пати сте се нашле во ситуација вашето дете да ве премоли да го завртите држејќи го за рацете.
„Мојот сопруг и јас научивме на потежок начин како да останеме рамнодушни на молбите на нашите деца и никогаш повеќе да не помислиме да ги завртиме.
Иако вртењето на децата е речиси секогаш забавно, постои сериозна причина следниот пат да ја одбиете нивната молба. Имено, зглобовите на малите деца се уште не се потполно развиени, лигаментите на таа возраст се лабави, такашто коската може лесно да се измести, односно, да излезе од зглобот на лактот.
Оваа повреда (извлечен лакт), обично им се случува на децата помали од четири години. Токму тоа неодамна ѝ се случи и на нашата двегодишна ќерка. Бевме на роденден, а таа упорно го молеше мојот сопруг да ја врти, што тој секако и го направи. Беше бескрајно забавно се до еден момент. Не знаеме што точно се случи, во во еден момент таа почна сино да плаче.
Се се случуваше во период кога таа обично спие, па мислевме дека е поспана. Некако ја успавме, но кога се разбудивме, плачењето продолжи. На патот до дома, забележавме дека не ја држи раката нормално, па отидовме во брза помош.
Лекарите успеаја да го вратат лактот во лежиштето – што е инаку многу болно. И иако симптомите ги снемува во истиот момент кога коската ќе се врати во лежиштето, проблемот е во тоа што кога лактот еднаш ќе излезе – голема е веројатноста дека повторно ќе се исчаши. Мојот сопруг после се чувствуваше голема вина, но среќа e што сепак го забележавме ова на време.
Затоа, следниот пат кога детето ќе ве замоли да го вртите, никако не го правете тоа или барем фатете го под пазувите, како кога го кревате, затоа што така вртењето е сепак многу посигурно“, вели оваа мајка.

[better-ads type='banner' banner='999' ]