Зошто иглата е подобар избор за дупчење уши од обичниот „пиштол“?

Знаете ли дека пиштолот за дупење на уши не може воопшто да се стерилизира?

0
1262

Самото дупење на ушите се прави одамна па нема да влегуваме во темата дали е тоа добро или не, изборот е сепак на родителите како и на децата, но ќе се задржиме на прашањето на кој налин да се направи тоа.
Веруваме дека речиси секоја мајка има „дупчиња“ од некој свој период од растењето и дека ушите со децении најчесто се дупчеле кај „златари“ – односно, кај оние кои имаат пиштил за дупење уши. Пиштол кој за секунда прави дупче, во него се вметнува „медицинка“ и увото неколку дена боли, но зараснува. Меѓутоа, опоравувањето не е исто кај секого па познати се и случаи кога ушите се инфицирале, кога раничката не зараснувала како што треба, а на децата им останала доживотна траума од ова брзо дупчење на ушите.
„Такви работи често се случуваат затоа што иако е ушната реса погодна за дупчење, немаат сите иста кожа. Кај некого е почувствителна и затоа после дупќењето со пиштол постојат големи можности раничката да ви се воспали и да загнои, наспроти написите за „безболно дупење на уши“, објаснил еден тату и пирсинг мајстор од Лос Ангелес кој овие денови се обидел да ја предупреди јавноста на еден важен факт поврзан со дупчењето уши и се обидел да ја објасни разликата помеѓу дупењето си игла и со пиштол.
„Некои златари, а ушите често се дјупат токму на местата кадешто се продава накит, имаат пиштол кој редовно го „чистат“, но вие мора да знаете дека постарите модели од таквите пиштоли можат да се користат илјадници пати. Нешто поновите модели имаат „глава“ што се менува на која се става обетката и така се отстранува можноста од инфекција заради нечист пиштол, но и тука постои еден голем проблем, а тоа е дека ниту таков пиштол не може да се стерилизира, туку само добро да се исчисти затоа што за стерилизација е питребна висока температура, a таквите пиштоли во себе имаат и пластични делови кои буквално би се уништиле во текот на квалитетна стерилизација “, објаснил мајстор Брајан Кит Томпсон и ги повикал сите родители кои планираат да им ги дупнат ушите на своите деца сепак да одберат квалутетно пирсинг студио кадешто ушите ќе им ги дупнат вистински експерти и тоа со игла, единствена пирсинг алатка која е потребна.
Пиштолот не се покажал полош избор само заради неможноста од стерилизација. Проблемот е и во тоа што немаат сите луѓе еднаква дебелина на ушната ресичка, па пиштолот кој автоматски ја става обетката може силно да ја стисне раната у така да направи поголем проблем. Впроем, ако се постави под крив агол, можно е повторно да се нанесе многу поголема штета.
Можеби некому методот на дупење со игла му изгледа поболно, но верувајте, тоа е единствениот стерилен начин да се избегне болката и негативните последици во текот на зараснување на дупчето. Затоа, овој мајстор за пирсинг советува дека ако веќе ги носите децата, обидете се да им го направите тој чин помалку трауматичен, па пред да одберете студио, добро распрашајте се дали и на кој начин ја даваат оваа услуга за деца.

[better-ads type='banner' banner='999' ]