Дали генетиката е виновна за недостатокот на мотивација кај децата?

Подготвеноста на детето за учење би можела да биде генетски наследена.

0
125

Ако забележувате дека вашето дете не е ниту малку мотивирано, без оглед на тоа дали станува збор за дружење со врсниците или за учење, освен влијанието на родителите и учителите, можеби има и влијание од поинаква природа. Имено, новите истражувања на универзитетот на државниот универзитет во Охајо упатуваат на тоа дека подготвеноста на детето за учење би можела да биде генетски наследена.

Истражувањето прибирало податоци од повеќе од тринаесет илјади двојајчени и еднојајчени близнаци во период од девет до 16 години во делови од САД, Канада, Велика Британија, Германија, Русија и Јапонија. Близнаците биле запрашани колку уживале во разни академски активности (читање, шишување и правопис), односно во одделни предмети. Прибраните информации се анализирале за да се види колку се поклопуваат одговорите на близнаците, и на крајот да се споредат одговорите на еднојајчаните и двојајчаните близнаци. Во просек, 40-50 % од разликите во мотивацијата навистина можат да бидат условени од генетиката. Најмногу изненадиле резултатите дека има само 3% разлика во мотивацијата врзана со заедничкото опкружување и заедничките семејни искуства.

Секако, ова истражување не значи дека сега генетиката би требало да е изговор за недостатокот од мотивација на детето и желбата за образование. Напротив, ова само би требало да значи дека родителите и институциите треба уште повеќе да се трудат околу таквите деца. Да се потсетиме, докажано е дека децата кои пораснале во здраво опкружување и во среќно семејство се просечно поинтелигентни, па нема да биде проблем да се надокнади генетскиот недостаток од мотивација.

[better-ads type='banner' banner='999' ]