Зошто е во ред да се пцуе пред децата?

Во оптек се многу теории за тоа зошто е лошо да се пцуе пред децата. Наводно, тоа е вербално малтретирање кое предизвикува психолошка штета, ги отапува чувствата или поттикнува агресивно однесување.

0
345

Вообичаен е ставот дека пред децата не треба да се пцуе. Но тоа сепак постојано се случува. Лингвистот Бенџамин Берген, професор по когнитивна наука на универзитетот Сан Диего, го проучувал ова прашање во својата нова книга „Што кој к..: Што открива пцуењето за нашиот јазик, нашите мозоци и за нас самите“ (What the F: What Swearing Reveals About our Language, Our Brains, and Ourselves).

Берген, и самиот склон кон живописно изразување, забележал дека почнал повеќе да внимава на својот речник кога стасал татко. Почнал да се прашува, дали би било навистина толку лошо ако пцуе пред своето дете? Конечно, знаел дека пцуењето е базична активност која му претходи на јазикот. По прочешлувањето на научната литература, заклучил дека постои разлика помеѓу навредливи фрази за кои науката смета дека се лоши за децата, и обични лоши зборови за кои нема доказ дека се штетни.

Во оптек се многу теории за тоа зошто е лошо да се пцуе пред децата. Наводно, тоа е вербално малтретирање кое предизвикува психолошка штета, ги отапува чувствата или поттикнува агресивно однесување.

Меѓутоа, Берген не нашол никакви научни студии кои ги потврдуваат овие теории. Единствените постоечки истражувања биле правени на студенти, па потоа заклучоците биле пренесени и на децата.

Навредливите пцовки се единствена група на лоши зборови кои се покажале проблематични. Студијата во која учествувале 52 студенти покажала дека оние кои биле изложени на хомофобични навредливи зборови подоцна биле спремни да да дадат помалку пари за превенција од ХИВ. Друга студија која опфатила 61 учесник во раните дваесети години, покажала дека оние изложени на исти такви пцовки ги поместувале своите столчиња на поголема оддалеченост од луѓето кои би се оретставиле како хомосексуалци. Таквите навреди би можеле да имаат полошо влијание врз децата, смета Берген.

Што се однесува до обичните секојдневни вулгарности, не е докажано дека тие можат да поттикнат агресивност кај децата, отапување на емоциите ниту пак можат да им го ограничат речникот, пишува Берген.

Нема причини за грижа ниту за тоа што децата што слушаат пцовки ќе почнат да ги користат, додава тој. Една голема студија покажала дека децата од првата до дванаесетата година од животот природно изговараат илјадници недозволени зборови, без некои последици. „Ниту во еден случај тоа не водело кон физичко насилство. Наместо тоа, забранетите зборови се користат оф позитивни прилини, на пример, поради шега“, вели Берген.

Секако, постојат друштвени норми кои мораат да се земат предвид. Детето кое пцуе како колар веројатно ќе предизвикува проблеми за себе и за своето семејство. Тоа значи дека треба да го наулите детето на границите на општествено прифатливото однесување. Берген себеси повеќе не се цензурира пред своето дете, но му ги објаснува зборовите што ги користи и го учли кога смеат да се употребат. „Дури и двогодишник може да разбере дека е едно да се пцуе дома, а дека изговорувањето на иститре зборови во самопослуга можат да предизвикаат негативна реакција“, заклучува тој.

[better-ads type='banner' banner='999' ]