Родителите ги пренесуваат лошите навики на децата

Ако не сакате децата да ги преземат вашите лоши навики, поведете сметка за своите секојдневни ритуали кои можат да ги „упропастат“ вашите наследници.

0
203

Она што го правите вие, ќе го прават и вашите деца. Затоа, ако не сакате тие да ги преземат вашите лошо навики, поведете сметка за своите секојдневни ритуали кои можат да направат од вашите деца да бидат се она што го препзнавате кај себе како ваша лоша навика.
Обземеност со техниката
Ако по цел ден седите пред телевизор или на секои пет минути ги проверувате мејловите, пораките и телефонот, се нервирате затоа што е интернетот бавен, како очекувате детето да се однесува поинаку? На тој начин немате авторитетот кога му велите да престане да си игра со игрички или со гледање на цртани.
Нередовна и нездрава исхрана
Вие ручате кога ќе стасате и тоа главно, брза храна, а барате од детето редовно да јаде, да внесува витамини и минерали. Невозможно. Детето мора да види дека и вие го правите тоа што го барате од него.
Легнувате и станувате доцна
Иако сакате да седите ноќе до доцна и да спиете до доцна, потрудете се да се смените заради децата, затоа што со својот пример треба да покажете дека мора да се легнува и да се станува на време.
Ги озборувате другите пред домашните
Ако пред децата без заддршка зборувате лоши работи за соседите, за воспитачката, за наставниците, роднините, детето ќе смета дека е тоа нормален образец на однесување и ќе го прифати и самото.
Мрзеливост и неодговорност кон работата
Често бегате од работа, го одложувате извршувањето на задачите, ве мрзи да ја одржувате хигиената на станот, а детето сето тоа го гледа и е многу веројатно дека и самото ќе се однесува така кога ќе порасне.

[better-ads type='banner' banner='999' ]