Зошто бебињата се повиваат?

Овој начин на повиткување му дава на бебето чувство на безбедност. Вака порано повиткувале сите, ама едно време мислевме дека тоа веќе не е модерно па уште од првиот ден теравме мода.

0
1929

Се прашувате зошто повивање? Дали сте запознаени со таа метода? Дали сте ја испробале? Можеби ова ќе ве изненади, а можеби веќе и сте слушнале за тоа, но бебињата сакаат да бидат повиени. Можеби токму тука се крие тајната за нивниот. Но и за вашиот мирен сон. Овој начин на повиткување им дава на бебињата сигурност и чувство како во мајчината утроба. Иако делува како бебето да е заврзано и заробено и како да му се спречуваат движењата, на овој начин се имитираат условите на кои вашето новороденче било навикнато во матката. Бебето се наоѓа во топла и ограничена обвивка која му дава чувство на сигурност и мир. Освен тоа, повивањето ги оневозможува неконтролираните движења со рацете, т.н. Моров рефлекс кој често знае да го исплаши и да го разбуди бебето. Исто така се спречуваат и гребнатинките затоа што бебето во првите месеци од животот немаат контрола над движењата на сопствените раце и нозе. Затоа не е чудно што многу бебиња се чувствуваат ранливо и несигурно и сакаат кога ќе ги земете во прегратка или ќе ги завиткате во ќебенце.

Ако мислите дека подоцна тешко ќе можете да го одвикнете бебето од повивањето, односно, од таков начин на смирување и заспивање, се препорачува постепено одвикнување.

Кога бебето малку ќе порасне, се повиткуваат само нозете, а рацете се ослободуваат. После некое време повеќе не се завиткуваат ниту нозете. Секако дека бебето од првпат нема да го прифати таквиот начин на смирување, но заспивањето и самиот процес на смирување на овој начин е многу полесно и побрзо.

Повивањето не би смеело да ги онезвомзожува движењата на бебето но би требало да е доволно цврсто за бебето да има чувство како да се наоѓа во прегратка.

Не го повиткувајте премногу цврсто затоа што сепак треба да може да се мрда додека е повиено. Резултатите од истражувањето покажале дека цврстото повивање на бебето може да доведе до исчашување или до дисплазија на колковите, па затоа бидете внимателни. Повивањето на погрешен начин може да предизвика проблеми во развојот на колковите, па педијатрите ги предупредуваат родителите во текот на повивањето со кебенце да водат сметка бебињата да можат да го движат долниот дел од телото. Ако бебето има проблеми со колкчињата, не го повивајте.

Повиеното бебе ставајте го да спие секогаш на грб.

Повивањето може да им помогне на бебињата кои се борат со грчеви во стомакот.

Внимавајте да не дојде до претоплување на бебето. Употребувајте лесни и природни материјали, на пример, памучна прекривка, тенко ќебенце или чаршафче.

Бебето нека спие во иста просторија со вас.

Бебето треба да престане да се повива кога ќе наполни еден месец. Имено, како што бебето расте, повивањето може да почне да и пречи на неговата мобилност и на развојот.

Исто така, ќебенцето не би требало да биде дебело затоа што одредени студии покажале дека претоплувањето може да биде една од причините за синдромот на ненадејна смрт кај новороденчињата. Најсигурно е оваа техника на повиткување да ви ја покаже патронажната сестра. Некои бебиња ќе уживаат да бидат повиени, а други ќе се спротивставуваат и ова нема да им се допаѓа. Но многу брзо ќе забележите што сака вашето бебе. Не заборавајте дека целта е бебето да се смири, па ако се спротивставува, тогаш нема смисол и натаму да го повивате.

[better-ads type='banner' banner='999' ]