Најдобра мајка vs. совршена мајка

Кога зборуваме за мајчинство совршенството има некое сосема друго значење.

0
354

Совршената мајка секогаш на време ја поставува масата за заеднички семеен ручек, нејзините деца секогаш спијат цела ноќ, не плачат и целото семејство е секогаш совршено облечено. Совршената мајка само еден месец по породувањето ќе се вратат на својата тежина од пред бременоста и имаат тело на манекенка. Дали сте вие совршена мајка?

Понекогаш мајките меѓу себе почнуваат да се натпреваруваат која е подобра, повредна и помалку уморна, наместо да се поддржуваат и меѓусебно да си помагаат, да си даваат поддршка и да си ја поттикнуваат самодовербата.

Не осудувајте друга мајка во паркот затоа што се согласила на епидурална, затоа што има дадилка или затоа што не дои. Секој има право на избор. Ниту вашиот начин на воспитување многу мајки веројатно не го сметаат за целосно правилно. Затоа обидете се да ги разберете другите мајки за да се обидат и тие да ве разберат вас. Сите имаме свои мислења и методи, но не е потребно да им ги наметнуваме на другите. Битно е секоја мајка да го прави она што мисли дека е најдобро за нејзиното дете, а се додека истото не го доведува детето во опасност, нема причина да му се одзема  некому таа слобода.

Не се споредувајте со мајките од филмовите и телевизиските емисии. Мајчинството не е такво како што изгледа на ТВ. Таму никој не ги спомнува стресот, забрзаноста, стравот, премореноста и чувството на повремена изгубеност со кои не знаете како да излезете на крај. За да ги пребродите овие тешкотии, најмногу можат да ви помогнат токму овие мајки со кои се среќавате во паркот. Тие ги имаат истите дилеми, а се сепак многу пообјективни од семејството и блиските пријатели кои ќе ве уверуваат во она што сакате да го слушнете.

Додека совршените мајки тежнеат кон животот од филмовите, најдобрите мајки тежнеат кон среќата на своите деца и го живеат реалниот живот. Неизмиените садови, прашината или расфрлените играчки не можат да се избегнат кога имате деца во домот, помирете се со тоа. Мајчинството е универзално искуство без оглед на годините, професијата или степенот на образование и нема потреба да се трудите да го смените тоа. Важно е да ги засакате своите несовршености. Признајте си и себеси и на другите мајки кога сте ненаспани, кога детето ве излудува со плачење, а куќата ви изгледа како некој да ви фрлил дома бомба. Слободното време поминете го уживајќи со своето дете. Сетете се само колку брзо децата растат и колку е тажно да пропуштите некој дел од ова заради чистење или затоа што сакате да бидете семејство од соништата. Бидете главен навивач на натпреварот од вашето дете, поддршка пред секој натпревар и негов омилен партнер во друштвените игри.

[better-ads type='banner' banner='999' ]