Заради грешка во една клиника за вештачко оплодување, 26 двојки чекаат туѓо дете

26 холандски двојки кои се одлучиле на вештачко оплодување во угледна клиника можеби чекаат туѓо дете. Во клиниката тврдат дека е за се виновна грешката во процедурата.

0
555

Една холандска клиника во Утрехт почнала истрага откако се јавил сомнеж дека дошло до грешки во постапката на вештачко оплодување. Дваесет и шест холандски двојки кои се одлучиле на вештачко оплодување во угледна клиника можеби чекаат туѓо дете. Во клиниката тврдат дека е за се виновна грешката во процедурата.

Имено, спермите кои останале од порано, се помешале со новите сперми. Се верува дека еден од лабораториските техничари во периодот помеѓу април 2015 и ноември 2016 користел неприкладни пипети при вбризгувањето на сперма. Од 26 двојки кои се подвргнале на ваков третман, девет веќе добиле деца, а уште четири жени се бремени.

[better-ads type='banner' banner='999' ]