Не е фер!

Децата и возрасните ја гледаат праведноста на поинаков начин

0
143

Она што го сметаме за „праведно“ се менува со растењето и созревањето, открива новата студија. Малите деца сакаат да бидат рамноправни без многу вложен труд, додека постарите адолесценти веќе ја земаат предвид важноста на сопствените заслуги. Преминот од „рамноправен“ поглед на праведноста на „заслужен“ се случува околу 11 и 13 година и продолжува да се менува за време на средношколските години.

Оваа транзиција се случува заради промените во мозокот кои настануваат како последица од неговото развивање и изложувањето на децата на нови социјални искуства, велат истражувачите. На пример, како што растат, децата учествуваат во се повеќе активности во кои погллем акцент се става на индивидуалните постигнувања.

Оваа студија расветлува како луѓето сфаќаат што е праведно и како таа перцепција на праведност се развива. Резултатите би можеле да го сменат начинот на кој функционираат училиштата.

„Идејата дека социјалните искуства придонесуваат во обликувањето на нашите погледи на праведност е важно за начинот на кој ги поставуваме и ги создаваме институциите во општеството, како образовниот систем“, рекла водителката на истражувањето Ингвилд Алмас, од норвешкото училиште за економија и бизнис во Берген.

Што значи тоа конкретно? Др.Алмас вели дека училиштата можеби не би требало да им даваат на децата оценки кога се тие многу мали ако оценките се темелат на заслуги, затоа што тоа не се вклопува во нивното поимање на праведноста.

Претходните истражувања покажале дека возрасните сметаат дека некои нееднаквости се во ред кога станува збор за распределба на домашниот буџет. Возрасните сметаат дека разликите во она што луѓето го постигнале во кариерата можат да ја оправдаат нерамноправната поделба на парите.

Алмас сакала да види како с еразвива тој поглед на праведноста кај децата. Резултатите покажале дека 10-годишниците се уште сметаат дека какви било разлики помеѓу врсниците не се фер, затоа што е се помалку или повече работа на сртеќа. Во средното училиште тие воглавно веќе ги темелеле своите ставови за праведноста на ставот за личното достигнување. Изјавувале дека разликите меѓу врсниците се фер доколку  некои го заслужиле тоа.

Кај поголемите деца погледите на праведноста веќе се поклопуваат со оние на возрасните, односно, им даваат повеќе предност на постигнувањата отколку на чиста среќа.

[better-ads type='banner' banner='999' ]