Во шопинг со вашето дете

Знаеме дека не е лесно да се излезе на крај со децата, особено ако сте решиле заедно да тргнете на пазарување...еве неколку совети како шопингот да помине мазно

0
90

Понекогаш шопингот со децата знае да биде забавен, но некогаш може да биде и прилично стресно. Што да направите за да го завршите пазарлакот мирно и без вашето немирно дете да скрши нешто во продавницата?

Еве неколку совети:

-Објаснете му го планот пред да излезете. Седумгодишните деца сакаат да знаат што да очекуваат. Потоа држете се до поставениот план колку што можете попрецизно.
-Добро испланирајте го денот. Уморни и гладни 7-годиши деца се однесуваат исто како и тригодишни.
-Наместо да му кажувате што не смее да прави, кажете му што смее: Остани ми во видно поле. Држи ме за рака на паркингот. Држи се за корпата/количката за пазарење.
– Нека биде активно. Побарајте да ви пронајде некој производ на полиците, или да ви го носи списокот. Не го игнорирајте.
-Наградете го доброто однесување. Ветете му дека заедно ќе си играте доколку шопингот помине во најдобар ред.

[better-ads type='banner' banner='999' ]