Зошто научниците сметаат дека децата треба да спијат со мајката до 4 години?

Според педијатарот д-р Нилс Бергман од универзитетот во Кејптаун, Јужна Африка, секое новороденче првите неколку недели по раѓањето треба да спие на мајчините гради, а потоа во нејзиниот кревет се додека не наполнат 3, па дури и 4 години

0
3402

 

Мислењата за тоа дали на детето треба да му се дозволи да спие со родителите се многу различни, но научниците сега докажале дека е за децата најдобро во креветот на родителите да останат до четвртата година. Имено, следејќи 16 новородени бебиња, д-р Нилс Бергман од универзитетот во Кејптаун, Јужна Африка, открил дека оние кои биле ставени да спијат во одвоено креветче спиеле полошо од бебињата што спиеле на мајчините гради. 

Ако спијат одвоено, мајката и детето потешко се поврзуваат, а тоа му штети на развојот на мозокот и води кон проблематично однесување како што детето расте, вели Бергман. 

Освен тоа, следењето покажало дека срцата на бебињата кои спиеле сами биле под три пати поголем стрес отколку кај бебињата кои спиеле со мајката. „Промените во мозокот кои настануваат како последица од ослободувањето на хормонот на стрес би можеле да го отежнат создавањето на квалитетни врски подоцна во животот и да водат кон различни проблеми во однесувањето“, рекол д-р Бергман.

Некои студии го поврзуваат заедничкото спиење со зголемен ризик од „смрт во колевка“, но Бергман вели:

„Кога бебињата се задушуваат или починуваат на смрт во колевка, тоа не е затоа што мајката не била покрај нив. Тоа се случува заради други нешта: токсичен чад, цигари, алкохол, големи перници и опасни играчки“.

Британската организација National Childbirth Trust го поддржува заедничкото спиење под услов родителите да не пушат, да не пијат, да не користат дроги и да не се болни или претерано уморни. Од друга страна, некои стручњаци сметаат дека најбезбедно место за спиење на бебињата е креветчето кое е сместено во собата на родителите.

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]