Во САД родено првото бебе од трансплантирана матка

Мајката е една од четирите жени на кои во октоммври 2016.година им е трансплантирана матка

0
442

Овој викенд во Далас е родено бебе од трансплантирана матка, а станува збор за прво такво бебе родено во САД. Оваа вест им дава нова надеж на жените кои се борат со неплодност заради проблеми со матката, а посебна надеж разбудила токму кај жените кои се родени без неа. Таков е случајот и со мајката од оваа приказна.

Таа е една од четирите жени на кои во октомври 2016.година им е трансплантирана матка во Медицинскиот центар Baylor University. Останатите три жени немале среќа затоа што заради слабиот проток на крв трансплантациите не успеале. Но со оглед на тоа што трансплантацијата на матка станала актуелна неодамна, стручњаците во споменатиот центар веруваат дека во следните десет години ќе знаат многу повее за целокупната проблематика и ќе имаат повеќе успех.

Жените можат да побараат пресадување на матка од повеќе причини. Од генетско пореметување кое погодува проближно една од 4.500 женски новороденчиња, заради делумна неразвиеност на вагината и матката што ја ограничува шансата за природно зачнување, до жени кои во текот на животот доживеале проблеми заради полипи на матката, имале операции и слично….

Меѓутоа, трансплантацијата не е трајна заради силните лекови кои жените мораат да ги пијат за организмот да не им ја отфрли трансплантираната матка па се планира да се остава додека жената не роди едно или две деца.

[better-ads type='banner' banner='999' ]