Биди и ти нечиј Дедо Мраз

И оваа година, традиционално, Коалицијата Боите на животот повторно ја иницира акцијата за собирање Божикни подароци за децата на онкологија, хематологија и на одделот за аутизам

0
399

„Ова е период од годината кога нашите мисли се свртени кон планирањето на Божиќните празници.
За повеќето од нас, тоа се денови кои ни ја греат душата и сме опкружени со нашите членови од семејството и пријателите, гледајки ги лицата на нашите сакани кои светнуваат кога ќе го добијат подарокот што го сакаат.
Традиционално, акцијата ја повторуваме и оваа година, и Ве каниме сите заедно повторно да донесеме насмевки на оние на кои им се најмногу потребни, на дечињата на Одделот за онкологија и хематологија и во одделот за деца со аутизам кои посетуваат вежби на Клиниката за Детски Болести во Скопје.

Доколку сакате да донирате играчки, здрава храна, додатоци за во исхраната, витамини или пак било што друго кое сметате дека им е неопходно на овие дечиња, можете слободно да не исконтактирате.

Пакетчиња со здрава храна донираат продавниците на BioCosmos – продавница за здрава и органска храна и за секој оној кој сака да донира нешто од нивните производи обезбедува 10% попуст во нивната продавница во Центар кај „Кочо Рацин“. Исто така, таму е отворен и пункт кадешто може да оставите донации“, велат организаторите, повеќе невладини организации здружени во Коалицијата Боите на животот.

[better-ads type='banner' banner='999' ]