Треба ли на децата да им кажувате колку се паметни?

За секој родите неговото дете е најпаметно, но можеби тоа не би требало да им се кажува на децата...

0
263

Професорката по психологија на универзитетот „Стенфорд“, др. Керол Двек, поминала 40 години истражувајќи го и анализирајќи го детскиот ум, односно, начинот на кој одделни зорови и однесувања влијаат врз него. Таа сакала да докаже дека децата кои родителите ги фалат за напорот и трудот што го вложуваат, повеќе отколку за нивните способности, имаат повеќе шанси да бидат успешни во животот затоа што се помотивирани.

Таа објаснува дека децата кои веруваат дека интелигенцијата можат да ја развијат, а не да ја „поправат“, подобро се снаоѓаат кога ќе се соочат со препреки.

Од друга страна, др Двек смета дека родителите кои ги фалат своите деца колку се паметни, со тоа ги поттикнуваат на неискреност.

„Родителите често им зоруваат на своите деца дека се паметни“, вели коавторката на студијата Гејл Хејман.

„Дури и кога родителите и едукаторите знаат дека тоа лошо влијае на мотиваијата на децата, и понатаму го прават тоа. Она што нашата студија го докажува е дека тоа лошо влијание може да оди и подаеку од мотиваијата и да влијае врз моралните одлуки што ги донесуваат децата. Тоа ги поттикнува децата да мамат, најчесто на тестовите за да имаат што подобри резутати“, вели психологот кој го изулува детскиот развој.

За да ги поткпрета тие теории, двајцата експерти извеле експеримент во кој учествувае 300 деца од кои пола биле на возраст од три, а другата половина на возраст од 5 години. Децата играле игра на погодување, а некои од нив претходно ги фалеле колку се паметни, други ги фаеле а нивните способности, а третите воопшто не биле пофалени.

Деата кои биле пофалени им ветила на истражувачите дека нема да мамат во играта, а истражувачот потоа среде игра ја напуштил просторијата.

Камерата забележала дека тие деца сепак мамеле. Во отсуство на научниците барале одговори во книгата која била оставена на другата маса.

„Важно е децата да се пофалат за вистинските работи“, вели еден од авторите на студијата на Др. Кенг Ли, кој објаснува какви последици има на детето ако го фалите дека е паметно.

„Децата на кои родителите им зборуваат дека се паметни се често под притисок да бидат добри во се, а тоа понекогаш води кон измами„, вели тој.

Што мислите вие, дали треба да им се зборува на децата дека се паметни?

[better-ads type='banner' banner='999' ]