Колку облека е навистина потребна за бебето?

Размислувајте рационално, купувајте го само она што ќе му треба .

0
2470

Дали е воопшто можно да се има премногу облека за бебето?

Ако не сте размислиле добро во текот на купувањето, можно е да го наполните плакарот со работи кои детето ќе ги прерасне уште пред да му ги облечете за првпат.

Иако е нормално што не можете да им одолеете на тие слатки мали парчиња облека, купувајте рационално и купувајте го само она што детето ќе може да го носи.

Да започнеме со односвните парчиња облека со кои смеете да претерате при купувањето, а тоа се меките тренерчиња и боди. Во лето бодито може да служи како дневна облека, а во зима како основен слој на облека. Внимавајте на составот на материјалот, особено на оние парчиња кои одат директно на кожата на вашето бебе. Капчиња се препорачуваат за малите бебиња без оглед на годишното време за да се заштити чувствителното теме на бебето. Доволни ви се две. Бебињата носат и чорапчиња, најчесто без оглед на годишното време па набавете барем пет пара. Нека бидат од природни материјали.

Комплетчињата за спиење треба да бидат прилагодени на температурата во просторијата. Погрижете се на детето да му биде довочно топло, но не и премногу врело. Е ви требаат три до четири комплетчиња затоа што се можни непријатности во текот на ноќта кога пелената ќе протече, па можеби на почеток бебето ќе треба да менуваат и до две комплетчиња во една ноќ.

Ако очекувате зимско бебе, на оваа иста додадете го и следното:

Уште 3 пара чорапчиња за ситуации кога бебето излегува, а ако мислите дека му е ладно, можете да му облечете и два пара.

Два пара папучки или чевличиња можат да ви ги олеснат зимските прошетки. Иако новороденчињата не би требало да носат чевлички, во зима тие имаат функција за задржување на топлината. Во плакарот нека се најдат и 4 пара  пантолончиња ид дебел памук или убаво обработена волна. Нека бидат растегливи во половината и меки на допир за да му биде на бебето топло и пријатно. Две џемперчиња ќе ви помогнат при прошетките во текот на зимата. Нема да мора да му облекувате ногу слоеви тенка облека, па и детето ќе има повее слобода при движењето.

Зимска јакна е сосема доволна зимска опрема за зимските бебиња. Дебел комбинезон се советува само при многу ниски температури.

Додатоци за летно бебе:

Одберете едно памучно шеширче кое ќе го штити детето од сонце.

Ледна прекривка секогаш е ви дојде добро кога е посакате да го ставите детето на спиење само во пелена или тенка маичка.

Зависно од тоа колку често ја перете облеката, прилагодете ја и количината на облеката.

Наведените количини, барем на основните парчиња облека кои ги наведовме, како што е бодито, се однесуваат на редовно перење облека барем секој втор ден.

Акјо не сте во можност толку често да перетем туку го правите тоа еднаш неделно, тогаш дуплирајте ја количината на боди, лесни маички и пижамки. Ако пак перете секојдневно, тогаш наведените количини можете да ги намалите на пола.

[better-ads type='banner' banner='999' ]