Тинејџерите се активни колку и 60-годишниците

Физичката активност на децата и тинејџерите е помала отколку што се мислело, а единствен скок на активностите се случува во дваесетите години, покажува новата студија.

0
130

„Нивото на активности на адолесцентите е загрижувачки мало, па на 19 години младите се активни исто колку и шеесетгодишниците“, вели Вадим Зипунков, од катедрата за биостатика на училиштето Блумберг.

„Децата од училишта возраст се најактивни помеѓу два и шест часот попладне, па би требало да се прилагоди дневниот распоред, на пример во училиштата, такашто ќе оди во прилог на физичката активност“.

Во сите старосни групи мажите покажале повисоко ниво на активност од жените, особено на оние со висок интензитет. Меѓутоа, кај средовечните мажи активноста нагло опаѓа, и меѓу постарите од 60 години поактивни се жените.

Светската здравствена организација препорачува најмалку 60 минути умерена до интензивна активност дневно за децата од пет до 17 години. Меѓутоа, стручњаците сметаат дека освен тоа треба значајно да се намали и дневното време поминато во мирување, затоа што и лесна активност е подобра од седењето.

[better-ads type='banner' banner='999' ]