Тие го можат истото како и сите! (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Стотици луѓе учествуваа на хуманитарната трка за деца со Даунов синдром организирана од Мечувалечки Клуб Ескрим во саботата во Градски Парк, Скопје. Поддршката која беше дадена нема да биде заборавена.

0
95

На хуманитарната трка за деца со Даунов синдром организирана од Мечувалечки Клуб Ескрим во саботата во Градски Парк, Скопје, пред сите присутни децата со Даунов Синдром пренесоа една порака – „И ние го можеме истото како и сите!“. Тие тоа и го докажаа!

Се повикуваат сите граѓани да го зголемат своето разбирање за лицата кои страдаат од Даунов Синдром за да се оттргне негативната перцепција која постои за нив.

Со трката се целеше кон поттикнување на останатите спортски клубови и други организации да ги отворат вратите за децата со Даунов Синдром, да ги вклучат во спортот и во општеството и да им обезбедат еднаков пристап. Инклузијата како сегмент кој се разви со помош на хуманитарната трка веќе дава исклучителни резултати во нивниот живот. Децата ќе можат да спортуваат, да другаруваат и да се радуваат цела година со помош на собраните средства.

[better-ads type='banner' banner='999' ]