Суровата вистина за царскиот рез

Замислете да ве испратат на некоја обична операција, а по излегувањето од салата ве чекаат со мало бебе и ви велат дека од сега мора да се грижите за него и покрај тоа што чувствувате неверојатна болка. Е токму тоа е царски рез!

0
7007
Real People: Hands Holding Caucasian Sleeping Newborn Baby Girl

Царскиот рез стана мега популарен, се чини дека бројот на породувања со царски рез расте многу брзо и многу жени искрено се изјаснуваат дека сакаат да се породат на тој начин. Им изгледа полесно и поедноставно да не доживеат болка и да не распукаат, а шиењето секако не им гине.

Зошто сето тоа да не се прескокне и да не се закаже царски рез. Како никој да не размислува дека станува збор за операција.

А кога ќе почне „војната“ помеѓу мајките кои се породиле по природен пат и оние кои се породиле со царски рез, овие првите обично велат: „Па ти и не знаеш како боли породувањето!“
О да, не знам, верувајте ми, и вие не немате поим како боли царскиот рез.

Surova istina o carskom rezuТаа мистерија неодамна се обидела да ја разоткрие една мајка која ја објавила на Фејсбук сликата од својот царски рез, давајќи им на знаење на многу мајки како е царскиот рез се само не поедноставен начин на породување.
„Ох да, не знам, верувајте ми, и вие немате поим како боли царскиот рез!“

Знаете ли вие воопшто што значи царскиот рез? Десет и повеќе сантиметри долгиот рез низ кој го извлекуваат вашето бебе, а пред тоа да ги пресечат сите слоеви на матката и буквално ги поместуваат вашите органи за да не пречат. Верувајте дека тиа не е начинот на кој го замислував доаѓањето на својот син – напишала оваа мајка покрај своето искуство со опоравувањето.
Не сте ни свесни колку му требаат на вашето тело стомачните мускули. А кога имате ваков рез треба да знаете дека со денови нема да можете да се свртите и да направите куп работи за кои инаку несвесно го користите стомакот. Кога само ќе се сетам на првиот ден во болницата. Другите родилки шетаат по болница, а јас лежам неподвижна во кревет. А кога сестрите ќе ви кажат дека мора да станете да се истуширате, не можете да верувате дека сте способни за тоа! Болката е незидржлива-чувствувате прободување не само во пределот на резот, туку многу, многу подлабоко.
За само едно движење, за да го подоите вашето дете ќе ви бидат потребни не неколку минути, туку и многу пот за да го совладате тој напор.
Е сега, замислете да ве испратат на некоја обична операција, а по излегувањето од салата ве чекаат со мало бебе и ви велат дека од сега мора да се грижите за него и покрај тоа што чувствувате неверојатна болка. Е токму тоа е царски рез!

[better-ads type='banner' banner='999' ]