Царскиот рез стана мега популарен, се чини дека бројот на породувања со царски рез расте многу брзо и многу жени искрено се изјаснуваат дека сакаат да се породат на тој начин. Им изгледа полесно и поедноставно да не доживеат болка и да не распукаат, а шиењето секако не им гине.
Зошто сето тоа да не се прескокне и да не се закаже царски рез. Како никој да не размислува дека станува збор за операција.
А кога ќе почне „војната“ помеѓу мајките кои се породиле по природен пат и оние кои се породиле со царски рез, овие првите обично велат: „Па ти и не знаеш како боли породувањето!“
О да, не знам, верувајте ми, и вие не немате поим како боли царскиот рез.
Таа мистерија неодамна се обидела да ја разоткрие една мајка која ја објавила на Фејсбук сликата од својот царски рез, давајќи им на знаење на многу мајки како е царскиот рез се само не поедноставен начин на породување.
„Ох да, не знам, верувајте ми, и вие немате поим како боли царскиот рез!“
Знаете ли вие воопшто што значи царскиот рез? Десет и повеќе сантиметри долгиот рез низ кој го извлекуваат вашето бебе, а пред тоа да ги пресечат сите слоеви на матката и буквално ги поместуваат вашите органи за да не пречат. Верувајте дека тиа не е начинот на кој го замислував доаѓањето на својот син – напишала оваа мајка покрај своето искуство со опоравувањето.
Не сте ни свесни колку му требаат на вашето тело стомачните мускули. А кога имате ваков рез треба да знаете дека со денови нема да можете да се свртите и да направите куп работи за кои инаку несвесно го користите стомакот. Кога само ќе се сетам на првиот ден во болницата. Другите родилки шетаат по болница, а јас лежам неподвижна во кревет. А кога сестрите ќе ви кажат дека мора да станете да се истуширате, не можете да верувате дека сте способни за тоа! Болката е незидржлива-чувствувате прободување не само во пределот на резот, туку многу, многу подлабоко.
За само едно движење, за да го подоите вашето дете ќе ви бидат потребни не неколку минути, туку и многу пот за да го совладате тој напор.
Е сега, замислете да ве испратат на некоја обична операција, а по излегувањето од салата ве чекаат со мало бебе и ви велат дека од сега мора да се грижите за него и покрај тоа што чувствувате неверојатна болка. Е токму тоа е царски рез!