Српскиот хемичар Зоран Вујчиќ за исхраната на децата: Храната е полна со адитиви, а ќе биде уште полоша

Индустриската храна е нужно зло, затоа што сите станаа мрзливи да готват, да одат на пазар и да купуваат млеко и месо од селаните што произведуваат, вели српскиот хемичар проф.др.Зоран Вујчиќ, во интервју за еден српски портал.

0
4029

Професор др.Зоран Вујчиќ е редовен професор на Хемискиот факултет во Белград. Биохемичар, вљубеник во храната, блогер, борец против митовите за храната, надрилекарствата, заблудите и конфузиите кои интернетот ги внесе во нашите животи, зборува за српскиот портал „Зелена училница“ за храната што ја јадат денешните деца, заблудите кои можат да не чинат здравје, за индустриската и органската храна.

Да почнеме од вечната дилема и добро познатото „Така и нам ни правеа па што ни недостасува“. Каде најмногу грешеле нашите мајки и баби во исхраната на децата и што мора денешните мајки да прават поинаку?

Порано исхраната беше поквалитетна затоа што сировините беа поквалитетни. Денеска се купува во супермаркети, на пазари кои ниту малку не ги задоволуваат минималните хигиенски стандарди, во продавниците, попрво би кажал на нездрава отколку на здрава храна. Овошјето и зеленчукот се берат пред физиолошката зрелост поради што немаат полна нутритивна вредност. Идејата е само да се зачуваат производите, а не истите да бидат квалитетни. Мојата баба не грешела. Јадевме се, од спанаќ (кој отсекогаш сум го мразел) до месо и овошје. Немаше изобилие, ниту слатки во секоја пригода и на секој киоск. За кока-кола и да не зборувам. Индустриското ѓубре од храна мајките им го даваат на своите деца мислејќи дека им прават добро. А како врв на иронијата, ако се добри, децата ги водат во Мекдоналдс. Бабите порано правеа зимница, слатко и мармалад, децата пиеја млеко, јадеа месо, трчаа, скокаа, и шутираа топка. Денеска бабите и дедовците кришум купуваат слатки, а врв на љубовта е купувањето на разни телефони.

Дали веќе споменатото „и што ни фали нам“ не е баш добар аргумент за клукање на децата со индустриски производи? Дали новите генерации ги почувствуваа последиците од лошата исхрана во претходните децении? Дијабетес, дебелина, здравствени проблеми…кога настануваат последиците од лошата исхрана во детството?

„Што ни фали нам“ е всушност лажен аргумент во светлината на денешниот начин на хранење. Индустриската храна е нужно зло, затоа што сите станаа мрзливи да готват, да одат на пазар и да купуваат млеко и месо од произведителите. Лошите навики на луѓето кои имаат од 5 до 50 години се пренесуваат во сопствениот дом, од родителите на децата. Затоа секое четврто дете е дебело. И наместо да се води сметка за класичната разновидна и умерена исхрана, за квалитетни намирници и домашна кујна, се се сведува на волшебни диети, квази исхрана од типот на хроно исхрана или фрутаријанци, консументи на сирова храна и слично.

Постои уште една флоскула „само умерено и се ќе биде океј“. Оправдување кое го наоѓаме кога им даваме на децата слатки и грицки. Што значи тоа умерено?

Умерено е 2 пати неделно слатко. Кој уште се држи до тоа: Препорака на Светската здравствена организација е дека до 10 отсто од вкупните енергетски потреби на детето можат да бидат слободните шеќери (сахароза, глукоза или фруктоза или било кои смеси од тој тип: агава, малтекс и слично). За жал, се позачестеното отсуство на движење дава основа за новиот совет кој го има СЗО, а тоа е оваа вреедност да се намали на само 5 отсто од вкупната потребна енергија. Секако, ова не е баш лесно да се пресмета, особено затоа што многу слатки и ги немаат тие податоци на етикетата.

Родителите се денеска многу загрижени кога купуваат храа затоа што не знаат дали е јаболкото прскано 20 пати, како е третирана зелената салата и со кои хормони е клукано пилето чиешто месо им го даваат на децата. Апсолутна заштита нема. Можете ли да им дадете некој совет, дали е органската храна навистина оранска?

Реално, нема добар совет, затоа што нема добра храна, ниту здрава. Решението е во набавка, купување директно од производителите. Храната е полна со адитиви и со време ќе биде уште полоша. За жал, тоа е реалноста. Дури ни сета храна што ја произведуваат селаните не е здрава. Пречесто е премногу прскана со хемиски средства. А во органска храна во Србија не верувам.

Комбинирањето на намирниците е вечна дилема. Компир и месо не одат заедно, житарки и овошје, житарки и месо, дали е сето тоа точно?

Не. Сите намирници одат. Правилата ги генерираат стручњаците, а такви правила кај нив нема. Има кај нестручњаците, кај лажните креатори на оригинални исхрани кои отишле и чекор подалеку па не дозволуваат на пример, јогурт, но може кисело млеко или не смеат да се мешаат овошје и зеленчук со одредени бои. И натаму важат основните правила кои се поставени уште одамна. Тоа се: обилен појадок, ужина, добар ручек и што е можно полесна вечера. Децата кои се поактивни физички можат да внесуваат и поголема количина „забранети“ слатки. Но кога се ќе се пресмета, повторно се сведува на 5 до 10 отсто од вкупните енергетски потреби.

Дали е вистина дека витаминот Ц ја нема таа улога која сите веруваме дека ја има?

Витаминиот Ц беше разочарување и за мене. Големи студии покажале дека е едноставно без ефект во спречувањето на грипот, настинките и слично. Не го забрзува ниту оздравувањето. Човекот може да апсорбира одредена количина од било кој витамин, се повеќе од тоа е само пречка. И нема добар суплемент. Тие се земаат по препорака на лекар. Едно од модерните и нестручни тврдења е влијанието на храната на промената на киселоста на организмот. А потоа како шлаг на торта некој измисли и дека е лимонот базен. Има многу заблуди околу храната. А за ова во значајна мерка придонесуваат новинарите и порталите кои бркаат сензационализам.

Модерните мајки често меѓу првите намирници на своите деца им ги нудат житарките  како што се кус-кус, киноа, амарант, спелта…дали станува збор за помодарство или се тие навистина добар избор за децата?

Чисто помодарство, без реално оправдување, освен што некои од нив полесно се подготвуваат.

Што е со хемијата во другите препарати кои доаѓаат во контакт со децата, шампони, купки, креми?

Неодамна покренав училиште за сапун во кое се учи како се прават добри тоалетни сапуни кои се барем 5 пати подобри од познатите детски сапуни. Постои добра козметика за деца но таа мора да биде сертифицирано хипоалергена. Некои деца се едноставно премногу реактивни на таквата козметика па хипоалергените сапуни се покажаа како спасители. Сапуните не се природни затоа што настануваат во хемиска реакција, но производот е безбеден. Исто како и печениот леб. Условите за печење не се природни, но лебот е одлична храна.

Лековите се посебна тема, што им советувате на мајките кои поради желбата да ги избегнат прибегнуваат кон употреба на разни природни методи?

Добро е да се знае дека температурата може да се симне и со млака вода или со ладен чаршаф. Но не е добро ниту да се посегнува по разни природни лекови иако детето на пример, преку три дена има висока температура. Науката не ги измислила лековите за да се враќаме во 19 век. Помодарското движење против вакцините е едно такво опасно зло. Ни се заканува на голема врата да ни ги врати смртоносните болести кои едвај ги искоренивме. Она што е крајно збунувачки е кога во таква група ќе се најдат и лекари и фармацевти. Мора да имаме доверба во струката, инаку се станува бесмислено. Кога струката повторно ќе го заземе своето место и храната ќе биде подобра. Нема да има идиотски реклами на кои се промовираат кекси, смоки и слично, а родителите изгледаат како големи трапави будали додека подготвуваат нормална храна.

На крај што би им советувале на родителите, кои намирници никако да не им ги даваат на децата?

Слатките спакувани во сребрени или златни кесички (чипс, смоки, крекери, чоколадни банани) и газирани пијалоци.

Паштети, супи од кесичка, пакуван леб, кафеав шеќер и сите готови јадења. Повторно изборот на ваква храна се должи на мрзеливоста или како што се вели денес, на темпото на живот.  Кафето никогаш не се раствара без остаток. Зошто би се растварало инстант кафето? Има навистина толку хемија во него што по првото исчитување што се има во него го остави тој грев за еднаш во 2-3 недели. Со ракот толку се манипулира, што преврши секаква мерка. Индустриската храна има строги регулативи и ако тие се испочитуваат, не може да биде канцерогена или на друг начин да влијае врз здравјето. Секако, ако детето не се храни често со паштети и со кренвишли и се залева со кока-кола. Конечно, се може да се јаде понекогаш, но само ХРАНАТА редовно. Домашни слатки, домашни колачи, добрата стара традиционална готвена храна. Овошје и зеленчук. Толку е се околу нас вештачко што сите го вметнуваме зборот „домашно“. А некогаш не беше така. Некогаш беше само храна – колачи, торти. Профитот не убива, а сите учествуваме во тоа на еден или на друг начин.

[better-ads type='banner' banner='999' ]