Способности што треба да ги развиете кај вашето дете

Една од најважните способности на луѓето на денешницата е способноста да се истакнат. Затоа токму таа е способноста што на вашето дете мора да му ја развиете уште од најмала возраст. Еве што се друго треба да развиете кај вашето дете во текот на растењето...

0
980

Способност да се истакне

Ова е една од најважните способности во денешниот модерен свет и мора да му ја развиете на детето уште од најмала возраст. За да го направите тоа, мора да му дадете до знаење на детето дека и неговото мислење е важно. Детето треба да знае дека го слушате и дека го разбирате, па покажете интерес при заедничките разговори и користете зборови за одобрување.

Концентрација

Децата преферираат да се фокусираат на она што ги интересира во тој момент, па обидете се да им држите лекции на корисен, но интересен начин. На пример, кога го учите детето како да пишува, побарајте од него да пишува зборови на табла со креда или пак да прави букви со пластелин. Не заборавајте дека примерот што вие им го давате е најдобриот пример, па давајте му го целосното внимание на вашето дете. Исто така, може да ја тренирате неговата концентрација преку различни игри, цртање или загатки. Може и да го замолите да обрнува повеќе внимание на интересни детали додека сте на прошетка.

Независност

Колку порано вашето дете ќе почне да прави работи самостојно, толку посамоуверено ќе биде во иднина. Исто така, полесно ќе му биде да се справи со училишните и со другите обврски со кои ќе се соочува во текот на растењето. Оставете го самото да се облекува, да си ги врзува врвките од патиките, да си ги средува играчките и да го среди нередот што ќе го направи. Не го карајте за грешките. Бидете трпеливи и не заборавајте да го пофалите одвреме навреме.

Странски јазици

Познавањето на барем еден странски јазик ќе му овозможи на вашето дете придобивки во неговата идна кариера и ќе му помогне да си ги прошири културните хоризонти.

Тимски играч

Неопходно е да му објасните на детето уште додека е мало, дека постојат одредени правила во општеството (на игралиште, во градинка, на училиште) и дека ако ги следи тие правила може да изгради добри односи со другите. Едно правило е способноста да соработува како тимски играч. Кога го учите детето да работи во тим, никогаш не треба да го споредувате со другите деца, бидејќи ќе стане агресивен. Може да ја истакнувате важноста на секое дете и да го пофалите секое дете, откако ќе ја завршат заедно работата.

Самоорганизираност

Оваа вештина ќе му помогне на детето да ги постигне неговите цели, која несомнено ќе му биде корисна во тинејџерството. Основата во самоорганизацијата лежи во секојдневниот распоред кој треба да го испланирате со вашето дете, при што постепено ќе ја намалувате вашата вмешаност во тоа планирање, како што детето расте. Неопходно е да поставите рамнотежа меѓу обврските на детето и неговото слободно време. Детето треба да има доволно време за играње, хобија и други посакувани активности. Сепак, тоа треба да се овозможи по завршувањето на обврските.

Тивко однесување кон неуспехот

Начинот на кој вашите деца се однесуваат кон победите и неуспесите го оформува самопочитувањето и ја дефинира врската со другите. Треба да обрнете внимание на начинот на кој играат децата: некој губи, го истура бесот и родителите го носат детето дома. Овој начин на однесување има негативно влијание врз способноста на детето да се соочи со тешкотиите во животот и го забавува развојот на силните страни во нивниот карактер. Фалете ги вашите деца за секој успех, но не ги игнорирајте неуспесите. Обидете се да дискутирате за нив и пронајдете ги причините, бидејќи токму ова е клуч на идните победи. Не им забранувајте на децата да си ги искажат емоциите, се додека тоа не им смета на други луѓе.

[better-ads type='banner' banner='999' ]