Тапата или остра болка, главоболката и заморот, често „доаѓаат во пакет“ со мајчинството.
Повеќечасовното носење на детето, тешко 10 или повеќе килограми е исклучително напорно, а кога на тоа ќе ја додадеме и количката со сите потребни и непотребни додатоци, не не изненадува фактот што мајките порано или подоцна ќе почувствуваат болки во разлнични делови од телото.
Еве неколку практични совети како да ги спречите овие проблеми:
Болките во грбот претставуваат навистина голем проблем! Имено, постојат многу причини зошто мајките чувствуваат болки во грбот, но еден од најважните е фактот дека мајките секогаш носат се со себе, за ништо да не ги изненади.
Решение: Не претрупувајте се преку секоја мерка! Пелени, марамчиња, шишиња, облека и подготвени сте!
На колковите и на вратот како на функционални делови на телото, можете да заборавите доколку вашето дете спаѓа во групата на покрупни бебиња.
Решение: Инвестирајте во носилки кои рамномерно ја распоредуваат тежината на бебето. Постојат различни варијанти на марами, чија цена станува важна оној момент кога ќе помислите на вештачко рамо или колк.
Истегнувањата на лигаментите се исто така многу непријатна појава, а најчесто ги погодуваат мајките возачи, додека се свртуваат и се обидуваат да комуницираат со немирното дете во седиштето. Слично се случува и при ставањето на детето во седиштето.
Решение: Кога го поставувате детето во седиштето, немојте да се свиткувате преку половина автомобил, туку само поставете го, а потоа седнете покрај него и фокусирајте се на закопчувањето.
Секојдневната подгрбавеност исто така мачи многу мајки, без да се свесни за тоа. Да бидеме искрени, колку мајки воопшто обраќаат внимание на правилното стоење и положбата на телото додека ја буткаат количката?! Понекогаш телото сепак им дава сигнали дека подгрбавеноста, односно неправилното стоење и положбата на телото додека ја буткате количката може да остави долготрајни последици.
Решение: Наместете ги рачките на количката така што да можете да ги држете и буткате без да се подгрбавувате. Во секој момент бидете свесни за своето тело и запомнете го она што вашата мајка уште додека сте биле мали ви го зборувала: „Застани исправено и држи ја главата високо“. Овој мајчин совет е, всушност, применлив во останатите животни ситуации, а не само кај буткањето на бебето во количката.
Лекарите препорачуваат никогаш да не носите повеќе од 10 отсто од својата телесна тежина на рамениците, вклучувајќи ја и тежината на вашето дете.
Фото: www.manchestereveningnews.co.uk