Често, кога ќе ги замолам децата да формираат круг, слушам одговор: „Ме мрзи“. Понекогаш мора дури и да го земам детето за рака и да го одведам во кругот. „Не смееш да ме допираш“, често одговараат децата.
Врескање, туркање, непослушност – се повеќе деца се лоши, мрзливи и размазени. Проблемот е во родителите.
Родителите ги оправдуваат децата кои постојано се туркаат, им подметнуваат нога на другите, непослушни се. Тој феномен Бригит Флеути добро го познава. Таа е претседателка на институцијата Детски градинки во Цирих и работи како воспитачка веќе 30 години. Според неа, никогаш не било толку лошо како денес.
„Секако, секогаш имало тешки или непослушни деца, но сега тоа го достигна врвот и вака повеќе не оди.
Жал ми е за извонредните деца кои секогаш остануваат со кратки ракави затоа што се се врти со оние кои прават поблеми или им пречат на другите“, вели таа.
Минатата година на жалбите од воспитувачите во градинките реагирал одредот за јавно школство во Цирих и воспоставил работно здружување со тема „Децата од предучилишна возраст со пореметување во однесувањето“. Како најчеста причина за лошото однесување ги навеле родителите. Притоа, може да станува збор за занемарување, претерано заштитнички став, претерана поддршка и претерано конзумирање на медиумите.
Колку далеку може да оди непримерното однесување покажува еден случај во класот на Моника Саланд.
„Еј ти глупа краво“, со тие зборови ја поздравило девојче во прво одделение, а казната не го сменила нејзиното однесување. Мајката пак на девојчето мисли дека учителката го провоцира нејзиното дете. Моника Саланд памти случаи кога откако ќе ги повикала учениците да дојдат до нејзината катедра, добивала одговор: „Можеш и сама да дојдеш тука ако ти требам“.
Тоа непочитување е нов феномен, вели Моника Саланд која веќе 35 години предава на подрачјето на Цирих.
„Сега мора често да го викам директорот затоа што повеќе не можам сама да се изборам со одделни ученици. Притоа, има родители кои се закануваат со дисциплинска постапка затоа што провокациите на своето дете ги соодветни на неговата возраст.
Исто така, Моника Саланд забележала дека некои родители на родителските средби се однесуваат кон нив со непочитување, а во фокусот им е само нивното дете.
„Често, кога ќе ги замолам децата да формираат круг, слушам одговор: „Ме мрзи“. Понекогаш мора дури и да го земам детето за рака и да го одведам во кругт. „Не смееш да ме допираш“, често одговараат децата, вели 36-годишната Сара Винклер, воспитачка од Фрауенфелд која предава веќе 10 години.
Бригит Флеути напоменува дека родителите денеска сакаат да бидат сакани од страна на децата наместо да сакаат да ги воспитаат. „Воспитувањето бара ангажман, а границите не е лесно да се постават“, вели таа. На многу родители им е неподносливо да им поставуваат барања на своте деца. Но ако се се врти околу потребите и склоностите на детето, ќе се загрози социјалниот развој на детето. Кој е постојано во центарот на вниманието, подоцна ќе биде зависен од вниманието на другите и ќе има потешкотии во односот со другите.
Освен тоа, оној кој постојано слуша од родителите дека е нешто посебно, е во опасност да порасне во нарцис. Тоа го покажува новата студија на универзитетот во Амстердам. Родителската топлина, љубов и здрава доза на внимание се важни за развој на детската самодоверба. Меѓутоа, претераното идентификување со детето е опасно за неговиот нормален развој.
„Порано сфаќањето на родителството беше поинакво“, вели Беатриса Кроненберг, директорка на швајцарскиот Центар за посебно образование. „Но, на децата им се потребни правила и граници. Децата нема сами од себе да го научат примерното однесување“.
Еј ти глупа краво!
Тоа непочитување на наставниците и воспитувачките во градинките од страна на децата е нов феномен, вели Моника Саланд која веќе 35 години предава на подрачјето на Цирих.