Што смеевме да правиме како деца, а денеска им забрануваме на нашите?

Излегува дека нашите родители воопшто не не сакале кога ни дозволувале да правиме работи поради кои ние денеска вперуваме со прст во родителите и ги сметаме за неподобни

0
185

Неверојатно е колку се променила стварноста затоа што ако гледаме што се ние сме преживеале како деца, а на денешните деца не им го дозволуваме ни по разно, навистина мора да се запрашаме дали сме ние денеска толку луди од паника или е времето лудо кога работи како овие станале недозволиви. Или пак, дали работите се навистина толку изменети или сме ние само попаметни од нашите родители? И конечно, навистина ли е потребно да се крева толку поаника околу нешто што очигледно не ги оптоварувало нашите родители ниту нас како деца.

Времињата можеби навистина се многу изменети па е сето тоа оправдано, но останува фактот дека ние уживавме во работите кои нашите родители ни ги дозволуваа, па дури и не поттикнуваа на нив на наша радост, а ние токму истите тие работи денеска им ги забрануваме на нашите деца. И токму затоа мора да се прашаме, дали нашите родители воопшто не сакале кога ни дозволувале работи заради кои ние денеск го вперуваме прстот во родителите и ги прогласуваме за неподобни.

Возач на тато!

Кога ги гледаме старите фотографии, веројатно ќе најдеме барем една на која седиме во скут кај тато и управуваме со воланот на неговата „Пезетка“. Или пак безгрижно ѕиркаме низ прозорецот додека седиме заврзани на сувозачкото седиште. Такво нешто денеска не им дозволуваме на нашите деца. Се разбира дека денеска има повеќе автомобили и тие се побрзи од порано, но точно е и тоа дека нашите татковци не не возеа така по автопат, туку евентуално, горе-долу низ уличките во кои живеевме. А се сеќавате ли само во какви се пози сме се возеле на задното седиште? На пример, лежејќи…е тоа денеска е невозможно со оглед на тоа што во автомобилот сигурно веќе има автоседиште.

Кутија цигари и бонбони!

Секако дека не е добро да му тутнете на детето цигара во уста, но сетете се само како се пушеше и се чадеше насекаде, дури и во болниците. И сетете се кога вашите родители ве праќаа да им купите цигари. На пример, ќе ви дадат пари и че ви кажат: 1 Филтер Југославија и со кусурот купи си бонбони или мастики во облик на цигари. Затоа и не се жалевме, затоа што од кусурот секогаш имаше малку за да си купиме, лижавче, стрипче или тврди бонбони. А сепак имавме помалку кариес отколку денешните деца.

Игралиште???

Кој си играше на игралиште кога беше многу поинтересно да се прескокнуваат огради и наместо на справи, да се качуваш на дрвата на соседите. И немаше толку повреди, бидејќи за разлика од денешните деца бевме многу повешти. На денешниве никогаш не сме им ни дозволиле да „прописно“ да паднат.

Изгубени-најдени

Kaков ни минуваа летните одмори? О дома ќе излезевме уште сабајле, доаѓавме за ручек и излетувавме низ врата со полна уста се додека не падне ноќта. Не ни пречеше ниту тоа што е 35 степени, ниту со нас носевме пластични шишиња со вода, секако ќе најдевме вода во нечиј двор или ќе побаравме од првата слаткарница, но секогаш се снаоѓавме . И никогаш нашите родители не ни помислуваат дека некој не киднапирал или дека не згазила кола само затоа што не сме им во види. Мобилни телефони немаше. Секогаш сами се враќавме дома.

Имаш седум години – грижи се за себе

Знаете што носевме речиси сите освен училишната чанта? Односно, оние од нас што не живееја со бабите? Клуч околу вратот. Деца од седум години не само што имаа свој клуч околу вратот за секој случај, туку и го користеа секој ден затоа што пред или после училиште беа препуштени сами на себе. Па повеќето од нас уште тогаш знаеја да си го згреат јадењето или да си испржат јајца. Домашните се пишуваа уште пред да се вратат родителите дома, а кога тие ќе се вратеа и ќе прелетаа со поглед преку нашите домашни задачи, ние веќе излетувавме низ вратата.

На 12 години веќе можеше да бидеш дадилка

Оној кој веќе имаше 12 годии, мораше да внимава на сите деца во улицата. Не дека тоа им беше по кејф, ама родителите редовно на поголемите деца им ги доверуваат на чување помалите, а поголемите не смееја да одбијат, од култура.

Креми за сончање?

Денеск децата не смеат да излезат на сонце ако не се прописно намачкани со заштитен крем. Во ред, сега веруваме дека е сменето и сонцето и дека од него ни се заканува појава на меланоми и тумори, ама сепак, и порано знаевме дека треба да се мачкаме, па редовно горевме на сонце. Никој од нас нема никакви трајни последици од тоа време.

[better-ads type='banner' banner='999' ]